Кратко запознавање со новитетите кај KDE 4.6

kde4.6-thumb

Како и вообичаено, развојот на производите што се креирани под „чадорот“ на слободен софтвер растат и се обновуваат со огромна брзина. Веќе сме само неколку месеци на големо се користи веќе збогатената и надградена верзија на KDE. Се насобраа доволно нови и интересни моменти што добро ќе делува како запознавање со тоа што ни следи.

На прва

list-kde4.6

Нова слика за позадината нa работната површина што изгледа фантастично и е препорачана во основната верзија на KDE 4.6 веднаш по инсталирање. Може да се забележат тука-таму некои детаљи што го збогатуваат визуелното искуство на корисникот. Брзото реагирање на активностите што ги повикав се изведуваа прилично брзо!? Дури пребрзо и прелесно земајќи ја во предвид целата таа графичка содржина што треба да се прикажува на нашиот монитор. Очигледно е дека од заедницата се сконцетрирале за оптимизација на брзината и прикажувањето на графиката. Различни работни површини сега може да се користи во вистинско светло. Буквално секоја работна површина од неколкуте што ги имаме на располагање дејствува како посебна работна околина. На секоја посебно може да се вметнат Widgets, различна позадина и слично. Нов начин за добивање известувања, освен во лентата со активности сега може да се извлече тоа балонче било каде на работната површина. Панелот за активности пак, овозможува новости со проширување на своите својства во Docking Taskbar. Сега до толку флексибилно што може со влечење и спуштање на Task директно во него како и останатите паметни кратенки. Зголемена е палетата со иконки како што се .chm и .pcf датотеките. И корисниците како мене можат многу лесно да го инсталираат овој нов модерен desktop користејќи:

Внесете ги командите во терминалот (конзола):

$ sudo add-apt-repository ppa:kubuntu-ppa/backports

$ sudo apt-get update

$ sudo apt-get install kubuntu-desktop

$ sudo apt-get dist-upgrade

Новитети

list2-kde4.6

Кај Dolpin до вчера кога ќе пребарувавме нешто користеше Kfind интерфејс што ги користеше командите „find“ и „locate“ и потоа ни го презентираше бараниот резултат. Сега тоа е директно вградено во Dolphin и може тие пребарувања лесно и прегледно да се филтрираат за да се извади максималната информација од нив. Многу од познатите апликации се ажурирани и подобрени. Еден Gwenview и KSnapshot сега имаат можност за споделување директно на социјалните мрежи. Marble си доби збогатено клонирање со MarbleToGo наменет за преносливи уреди. Повеќето од игрите имаат подобрување во подршката на OpenGL. KWin е долга приказна заедно со приказната за Compiz. Секогаш Compiz даваше подобри перформанси од менаџерот со прозорци на KDE иако не е вграден директно. Сега се чуствува прочистување на кодот на KWin и уште е рано да донесам заклучоци, но ветува многу. Но најбитната работа што се случила во новата 4.6 верзија е визуелната тема Oxygen-GTK, едно од многуте значајни подобрувања на KDE. Со воведување на ревидираната Oxygen-GTK тема сите базирани GTK апликации сега ќе изгледаат идентично како да се оригинално правени за KDE. До таа прецизност што неможев да поверувам што гледам. На тој начин KDE SC 4.x ќе овозможи похомогена графичка средина и разликата помеѓу различните платформи за прикажување графика на оперативен систем ќе станат минато.

Системски уредувања

list3-kde4.6

Овде нема некои драстични промени освен промената за регулирање на електричната струја. Со новиот распоред интерфејсот е полесен за препознавање и скоро секој би можел полесно да се снајде, особено што идејата е полесна навигација и лесно регулирање на потрошувачката на батеријата или времето за автоматско гаснење на мониторот. Проблемите што се случувале понекогаш како исклучување на мониторот при гледање филм сега се решени со Policy Agent што овозможува регулирање на тој сегмент. Секое ново подобрување на овој интерфејс го прави се подобар и подобар, а на нас корисниците полесен пристап до срцето на она што го бараме. Дотерани се и некои други системски уредувања, но немаат ништо позначајно. Регулирањето на електричната енергија што ја користи вашиот компјутер треба да е под ваша контрола. Ако немате никаков или неразбирлив приказ на опциите што ги нуди таа алатка, многу лесно може да се збогувате со вашиот компјутер. Затоа тие регулирањa што се опфатени од обичниот корисник ќе се уредуваат преку терминалот користејќи го префиксот 0.

Plasma Netbook

list5-kde4.6

И овој дел е исто така подобрен. Овозможува брза интеракција за допир на апликациите како и подобрување на Search & Launch искуството. Зголемено е оптимизирање на перформанси и побрз одговор за некоја акција. Збогатено искуство доколку се работи на таблет-компјутер на допир дава оригинален впечаток што ретко се наоѓа на некој преносник. Брзата интеракција со иконките и нивното лесно распоредување според важноста е многу интересно. Особено ако го збогатам тоа со читач на вести или некоја алатка за цртање што ќе ме направи исклучително среќен. Цртањето скици директно на таблет што работи нa Plasma Netbook KDE SC 4.6 е прекрасно искуство. Препорачувам на секој што има монитор на својот уред помал од 1024 px да си ја активира Plasma Netbook опцијата и впечатоците може да ни ги испратите на нашата електронска пошта [send [@] list.mk] по можност поткрепени со слики од вашиот работен простор. Наредните чекори што ќе ги видиме во трката за превласт во иднина KDE SC ќе стане најсериозниот играч на пазарот за графичка околина на таблет-компјутери и netbook преносници.

Впечатоци

list4-kde4.6

Освен убави впечатоци друго немам што да додадам во врска со новостите. Сепак станува збор за графичка околина со големо искуство позади себе и турбуленции во тешки години. Но развојот не е за џабе настанат во Германија, педантноста и уредноста сеуште и се носечки атрибути. Во пакет со тоа сега е поткрепена со лесна користливост како што е Kubuntu. KDE SC 4.x си доаѓа со конкретна документација, стабилност, мултиплатформски-софтвер (работи на Windows) брзо работење и како бонус комплетно слободна и бесплатна.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

1 коментар

  1. […] Dolphin оди рака под рака со KDE Software Compilation 4+ и е дел од таа графичка околина во пакет со развојот на истата. […]