Корпоративен идентитет. How it’s made?

banner header

Дали знаете што е воопшто корпоративен идентитет и како треба да изгледа? Сум имал многу примери кога клиенти започнувале нов бизнис и барале од мене да креирам лого и препознатливост на фирмата, но всушност ни самите тие не знаеле за што станува збор.

Ова е голема индустриска гранка, ќе кажам индустриска, затоа што на запад ова се мулти-милионерски бизниси, и се еден цел двигател во начинот на кој ние ги перцепираме останатите бизниси. За жал, кај нас сеуште не се зема во предвид сериозноста на градење на солиден корпоративен идентитет, и колку е тоа важно за подем на еден бизнис.

Пред да започнам да презентирам еден ваков пример, да спомнам дека енергијата што треба да се вложи во изработка на едно вакво решение е огромна, па дури треба и неколку месеци за да се реализира еден ваков проект кој ќе го работи цел тим, а да не правиме муабет за финансиите. Само во споредба, во останатите земји, едно вакво решение би чинело неколку илјадници евра, а кај нас дизајнерите би биле среќни ако и фрлат и 100 – 200 евра.

Ќе ви дадам еден пример од една полска компанија, Артентико, која изработувала брендинг за бизнис кој се занимава со надворешно рекламирање, нешто слично како кај нас што се Лазов Груп, Акцент Медиа и сл.

Првиот чекот е изработка на лого. Овој процес може да трае од неколку дена, до неколку недели, со оглед потребите на клиентот. Се прават десетици предлози, од кој на крај се одбира само едно со процес на селекција. Креативците за овој проектј одбрале да одат со пристап чисто и минималистичко лого, кое ќе биде функционално без разлика каде ќе се аплицира.

Следниот чекор е правењето на рекламните материјали, кампањи и се останато, што ќе го поврзи потрошувачот со брендот. Се сликаат актери во студио, се снимаат видео спотови, се снимаат радио реклами, изработка на веб сајт, апликации, поврзување со социјалните мрежи.

Пропратно со ова, се печатат визит карти, меморандуми, брошури, пликоа, цд-а, и сите останати потрошни материјали.

Самата идеја на „Биг Груп“ била да тераат по други неконвенционални идеи за рекламирање на овој бренд, па така одлучиле да направат еден џиновски објект на кој ќе го промовираат нивниот бренд, а секако и останатите клиенти кои би сакале да си платат за рекламирање на еден ваков начин.

За да ја направат оваа идеја уште поинтересна и „фраерска“ решиле дури и да состават макета која би ја презентирале на својот клиент, за да може да се види енормноста и фасцинантноста на овој тип на рекламирање.

Се надевам дека ова ви даде еден интересен пример како би требало да изгледа тој корпоративен идентитет во овој случај на бизнисот „BIG Group“. Кај нас ова се практикува многу малку и самите бизниси не го сваќаат потенцијалот и инвестицијата која би ја направиле доколку се одлучат на ваков чекор на рекламирање и промовирање. Сепак кај нас важи правилото, ќе ти дојде клиент: „Еј, дај напрај ми едно лого набрзинка, неам време“ А пари? „Е шо бе пари тебе ти е 5 минути да направиш лого“

gravatar
Автор:
За авторот:

Comments are closed.