Твитер е социјална мрежа на Интернет што има одредена тежина благодарение на концептот што почна од што правам, во што се случува. Начинот преку микро-инфомрирање на јатото што го следиме/не следи е одлична бaза со ефикасна размена на информации.
Но, со развојот на алчноста и приликом обидите на бизнис асимилација на сè што создаваме во нашето човечко дејствување, најверојатно Твитер преминува во чавкарска средина каде што од гракање и бандата Фејсќуп ќе почне да бега…

Очигледно е дека Интернетот почнува да се дисперзира на повеќеслојност што покрива (веќе) конвенционален начин на сурфање каде што ја прелистуваме содржината на Интернетот преку Интернет прелистувач, што е прекрасна работа благодарение на Tim Berners-Lee. Исто така пристапувањето на мрежата од преносливите уреди како што се паметните телефони и таблет компјутерите овозможува еден нов хоризонт што подразбира пристапување на Интернет содржина во рака. Но освен прелистувач сега имаме можност да пристапиме до податоците со пософистициран и специфичен начин преку својствени софтверски апликации наменети за одреден уред каде што Steve Jobs ни отвори нов концепт „There’s an app for that“ од аспект на iPhone и iPad. Значи освен што може да пристапиме преку Интернет прелистувач до податоците и веб-сервисите на Интернет, сега можеме истото да го правиме (за специфични и одредени сегменти) со мини-софтверски решенија наменети оригинално за уредот што го користиме.
На сметка на тоа што се случува на веб-твитер гледаме дека многу несогласувања и нелагодности има со новата (Activity) листа со активности каде што ги прегледуваме активностите на корисникот и кој со кој си направил follow/unfollow што е, да не речам, смешно. Но смрдеата БИЗНИС почна и таму да смрди и повеќето корисници што не се имунизирале на време преку користење софтверски решенија со клиентски пристап до Твитер профилот, сега е време да размислат и да си ги прошират видиците.
Hotot

Доколку сте корисник на GNU/Linux оперативен систем тогаш предлагам една лесна верзија на твитер-клиент таканаречена Hotot. До неа стигнав барајќи верзија на твитер-клиент што има вграден превод и освен што има тоа, апликацијата изгледа фантастично особено за фановите на Apple излгедот. Едноставна за користење, овозможува проширување со додатоци и ред други интересни моменти што ви препорачувам да си ги откривате сами
.

Во врска со другите такви софтверски алатки секако би ги спомнал Gwibber и Choqok затоа што ги имам користено, но не сум нешто фасциниран од нив. Не можам да ви ги препорачам останатите затоа што повеќето се ептен во развојна фаза или не ми направиле кејфот. Како и да е во план е понатаму (здравје) да го збогатиме предлог-изборот на такви твитер-клиенти.
Spaz

За Windows има во изобилство Adobe Air или Microsoft Silverlight софтвери што ми го убиваат компјутерот со пре-искористување на хардвер и што се дело на тешки бизнис чудовишта и затоа не ги препорачувам. Од огромниот избор на такви твитер-клиенти би го издвоил Spaz (сепак Adobe Air, но слободен софтвер). Освен што името е супер и плус ми се поистоветува со словенскиот јазичен термин „спас“ (како спасување од нешто) и е прилично лесен (не толку на ресурси). За користење овозможува повеќе суштинско прегледување на лентата со твитер-црцорења отколку активности (што ич не ми значат) или предлози за следење оти некој друг што го следам го следи тој некој друг…глупости…кој сакам ќе следам и кој сака ќе ме следи… и просто е, само сакам да прочитам што објавиле тие што ги следам.

Би сакал да слушнам што користите вие за читање твитер содржини и очекувам да споделите мислење или солидна дебата
…
Ослободи се од Google и користи DuckDuckGo.com













