Користење на mySQL база на податоци во PHP

php + mysql

Со користење на PHP можете да креирате динамични и интерактивни веб страни. Динамичната содржина не мора секогаш да користи база на податоци, но во повеќето случаи е потребно. Скоро сите Системи за Уредување на Содржина (CMS), блогови или пак едноставни формулари користат база на податоци.

Во PHP најчесто се користат mySQL бази на податоци, па така во овој туторијал ќе видиме како да ги користиме заедно и ќе разгледаме некои од основните функции.

Воспоставување на врска со mySQL серверот

Најпрво што треба да се направи е да се воспостави врска со mySQL серверот. Тоа го правиме со користење на функцијата mysql_connect():

mysql_connect("localhost", "listmk", "test123") or die("Грешка при воспоставувањето на врска со базата");

Со ова воспоставуваме врска со сервер кој се наѓа на ‘localhost’, со корисничко име ‘listmk’ и лозинка ‘test123’. Доколку неможеме да се поврземе со серверот ќе се појави грешка “Грешка при воспоставувањето на врска со базата”.

По успешната поврзување со mySQL серверот треба да се избере потребната базата на податоци. За да го постигнеме тоа ја користиме mysql_select_db() функцијата:

mysql_select_db("listmk") or die("Грешка при избирањето на базата");
// Со ова ја избираме базата со име "listmk". Доколку не постои таква база ќе се појави грешка "Грешка при избирањето на базата".

На крај за да се прекине врската со mySQL серверот се користи mysql_close() функцијата:

mysql_close();

Избирање на податоци од база

За да ги избереме потребните податоци од веќе избраната база ќе ја искористиме mysql_query() функцијата.

$query = mysql_query("SELECT * FROM avtori");
// Со ова се избираат сите податоци од табелата 'avtori' и се вметнуваат во променливата $query.

Препорачливо е да се избираат само потребните податоци, за да не дојде до споро прикажување на податоците и оптеретување на серверот. Пример:

$query = mysql_query("SELECT ime, prezime FROM avtori");

За да селектираме одредени податоци според некој даден услов го користиме следново:

$query = mysql_query("SELECT ime, prezime FROM avtori WHERE ime = 'Даниел'");

Внесување, обновување и бришење на податоци од база

Доколку сакаме да внесеме податоци во базата користиме INSERT и SET во нашето query:

mysql_query("INSERT INTO avtori SET ime = 'Даниел', prezime = 'Брзанов'");
// Со ова се внесуваат податоците Даниел како име на авторот и Брзанов како презиме во табелата avtori.

За да обновиме некои податоци во базата користиме UPDATE и SET во нашето query, многу слично како во INSERT, но притоа треба да наведеме точно кои податоци сакаме да ги обновиме со користење на WHERE во нашето query.

mysql_query("UPDATE avtori SET ime = 'Даниел' WHERE id = 1");

DELETE функцијата ја користиме за да избришеме некои податоци од базата, но притоа треба да наведеме точно кои податоци сакаме да ги избришеме со користење на WHERE во нашето query.

mysql_query("DELETE FROM avtori WHERE id = 1");

Користење на податоци од база

Со функцијата mysql_fetch_array() се пренесуваат избраните резултати во вид на асоцијативна низа, нумеричка низа, или и двете.

$query = mysql_query("SELECT ime, prezime FROM avtori");

$row = mysql_fetch_array($query, MYSQL_ASSOC);
// Со ова податоците се пренесуваат во вид на асоцијативна низа
// и можеме да ги користиме со $row['ime'] или $row['prezime'].
echo $row['prezime']; // ќе печати Брзанов.

$row = mysql_fetch_array($query, MYSQL_NUM);
// Со ова податоците се пренесуваат во вид на нумеричка низа
// и можеме да ги користиме со $row[0] или $row[1].
echo $row[0]; // ќе печати Даниел.

$row = mysql_fetch_array($query);
// Доколку не дефинираме во кој вид да се пренесуваат податоците тие ќе се пренесат и во двата вида.

За да ги испечатиме сите податоци во одредена табела користиме while() функција.

$query = mysql_query("SELECT ime, prezime FROM avtori");

while ($row = mysql_fetch_array($query, MYSQL_ASSOC)) {
echo "Име: " . $row['ime'];
echo "

echo "Презиме: " . $row['prezime'];
echo "

Друг начин за пренесување на избраните резултати е со користење на mysql_fetch_object() функцијата, која резултатите ги пренесува како објекти.

$query = mysql_query("SELECT ime, prezime FROM avtori");

$row = mysql_fetch_object($query);
// Со ова податоците се пренесуваат во вид на објект
// и можеме да ги користиме со $row->ime или $row->prezime.
echo $row->prezime; // ќе печати Брзанов.

За да ги испечатиме сите податоци во одредена табела исто така користиме while() функција.

while ($row = mysql_fetch_object($query)) {
echo "Име: " . $row->ime;
echo "

echo "Презиме: " . $row->prezime;
echo "

И тоа е скоро се што мислам дека треба да биде опфатено. Доколку некој мисли дека нешто е испуштено, слободно нека напише коментар.

Во наредните денови ќе напишам туторијал за тоа како на полесен начин се користи mySQL база на податоци со употреба на PHP класа.

gravatar
Автор: Даниел Брзанов
За авторот: Здраво! Јас сум Даниел a.k.a. Delicon, се занимавам со веб дизајн и програмирање повеќе од 10 години и сакам да го споделам своето знаење со сите што се заинтересирани за тоа.

Comments are closed.