Брзо конвертирајте CMYK во PANTONE


Сигурно до сега во вашата работа како дизајнер многу пати сте се нашле во ситуација да треба да да конвертирате CMYK бои во пантонски бои. Дали заради заштеда или унифицираност на боите или квалитетен офсет принт или други причини, доколку го правите „рачно“ може да ви одземе многу време и на крај да не сте задоволни со резултатот. Илустраторот, во нашиот пример CS4 го има решено тоа на многу лесен и едноставен начин. Еве како:

Во примерот имаме илустрација која е во CMYK бои, значи 4 бои, иако на прв поглед се две. Црвената е добиена со 10 проценти цијан, 100 проценти магента, 100 проценти жолта и 10 проценти црна.

За да ги селектираме сите црвени виолински клучеви, селектираме еден, потоа Select > Same > Fill Color бидејќи во нашиот случај немаме надворешно обележување со линија(stroke).

Потоа сигурно нема да одиме низ целата пантонска палета од преку 1000 бои, туку кликаме Edit > Edit Colors > Recolor Artwork.

Од следниот прозорец, кликаме на малата иконка каде што ќе ни се појави објаснување Limits the colors group to colors in a swatch library, или во слободен превод ние ќе селектираме од кои групи на бои да бара соодветна замена за црвената CMYK боја.

Понатаму од менито што ќе ни се појави одбираме Color Books и понатаму во нашиот случај PANTONE Solid Coated и потоа ОК.

Веднаш потоа ќе забележите дека бојата е променета во пантонска или во нашиот случај со PANTONE 187 C.

Истата постапка ја повторувате и за зелената боја.
Илиии 🙂 … уште полесен начин и наеднаш да претворите во две пантонски бои е следниот.
Со CTRL+A селектирате се на работната површина или пак рачно само некој дел.

Потоа одиме во Edit > Edit Color > Recolor with Preset > 2 color job…

Од прозорчето ја бираме палетата како во претходниот случај

значи PANTONE Solid Coated и кликаме ОК и потоа и на наредниот прозор ОК и работата е завршена

Во Swatches палетата ќе ги познаете пантонските боио по малото триаголниче со точка во десниот долен агол.

Сте направиле перфектна и брза конверзија на бои од CMYK во PANTONE. На здравје и споделете со другарчињата 🙂

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.