Контакт формулар кој не сака Spam ботови

Пред неколку недели се размислував како може да се заштити контакт формулар од Spam ботови, но за разлика од останатите, овој да биде едноставен за пополнување и без Captcha. За да направам ваков формулар решив да не барам на интернет туку да направам свој.

По неколку дена размислување, се разбира не цело време 🙂 ми текна дека Spam ботовите најчесто ги посетуваат страните со исклучени CSS и JavaScript, па така ако додадам дополнително поле во формуларот кој ќе биде скриено со CSS, ботовите сепак ќе успеат да го видат и ќе го пополнат. Ова поле ќе послужи како проверка дали формуларот е пополнет од човек или бот. Доколку полето е пополнето станува збор за бот, а доколку не, тогаш формуларот е пополнет од човек. Супер!

По неколку дена ми текна дека Spam ботовите ги гледаат имињата на полињата во формуларот па по тоа и се ориентираат. За да се збунат ботовите ќе мора овие полиња да бидат со невообичаени имиња или пак уште подобро, во секоја нова сесија имињата да бидат различни.

Што е потребно за да се направи ова:

  • едноставен xHTML формулар со три полиња за внесување на податоци и плус едно поле за проверка,
  • PHP кој ќе служи за генерирање на рандом имиња на полињата, проверка и испраќање на податоците,
  • и мал CSS стил

Имајте во предвид дека во овој пример не се користи JavaScript за проверка на внесените податоци.

Откако го направив формуларот, решив да го тестирам на страница каде што претходно користев Captcha за заштита од Spam ботовите, но сепак успеваше по некој бот да ги испрати своите ‘податоци’.

Страницата Vecerva на која што е заменет постоечкиот формулар со овој веќе подолго време успешно се справува со Spam ботовите. Засега нема стигнато ниту еден емаил со Spam пораки!

Објаснувањето како е направен овој контакт формулар следува наскоро… Контакт формулар кој не сака Spam ботови 2.

gravatar
Автор: Даниел Брзанов
За авторот:

Здраво! Јас сум Даниел a.k.a. Delicon, се занимавам со веб дизајн и програмирање повеќе од 10 години и сакам да го споделам своето знаење со сите што се заинтересирани за тоа.

3 Коментари

  1. Одлична идеја.

  2. […] околу еден месец пишував како може да се заштити контакт формулар од Spam ботови но не го објавив објаснувањето како е направен […]

  3. Техниката се вика HoneyPot field и е одамна измислена. http://djangosnippets.org/snippets/131/ Ова е снипет за џанго од март 2007 што ја користи таа техника. Јас лично имам направено преку 30 форми што користат honeypot field.