Кога клиент ви се илјадници индивидуалци

klienti-thumb

Во последно време во МК бројот на интернет страни се зголемува со голем интензитет. Голем дел од нив се „one man show“, и тој еден човек е најчесто програмер.

Ви се случило да треба да правите проект за некој клиент составен од илјадници индивидуалци? Нормално дека не…и нема да ви се случи се додека не решите да си направите веб-страна.

Оваа презентација е за програмерите кои решиле своите идеи да ги реализираат на веб, каде најчесто се греши во реализацијата и што може да направите за вас и вашите посетители да сте happy.

Прв дел – Идеја

ideja-listmk

Понекогаш сè што ти треба е само почеток

Имав многу IT идеи додека студирав и со пријателите поминував многу време во дискутирање на истите. Сакав да отворам сервис за компјутери зoшто цело време им ги поправав компјутерите на комшиите беспари, сакав да направам online дивидитека бидејќи тогаш беше многу популарно изнајмување филмови, па сакав да направам веб-сајт за кулинарство нешто со рецепти, слики од храна и слично…

На тие што им недостасува храброст секогаш наоѓаат оправдување.

Меѓутоа, од секогаш бев скептик how would tings turn out и никогаш ништо не реализирав. За сервисот за компјутери ми беше страв дека ќе направам некоја правна грешка при отварање на фирма и ќе ми дојде инспекција. Или пак многу беше веројатно децата од маало ќе ми го демолираат дуќанот и ќе соберат сè. За дивидитеката немав идеја како ќе плаќаат лугето зошто тогаш беше „поим“ онлајн купување. За Интернет страната за кулинарство ми беше страв дека нема да има доволно заинтересирани луѓе, па кој готви денес-сите јадат брза храна…

Личноста што не прави ништо не може да згреши – преземи иницијатива, научи од неуспехот за да го разбереш успехот

Значи, во поглед на правните работи секогаш можев да се информирам – се што ми требаше е иницијатива, трчање по институции и неколку консултирања со адвокати. За стравот дали ова ќе успее или не, ако не успееше верувам дека попатно ќе добиев претстава како може да успее една реализирана идеја. Ако онлајн купувањето филмови не поминеше можеби луѓето ќе беа задоволни од изборот на филмови што го имам, па евентуално ќе доаѓаа сами да си ги земаат. Уште подобро, останативе дивидитеки ќе видеа дека имам најнови филмови со топ квалитет и ќе ми правеа порачки за нивните дуќани. Поентата е следната, можеби идејата таква каква што ја имате нема да успее, но ќе дознаете како разработена верзија од вашата идеја може да доживее голем успех.

Без предизвик нема иднина – fancy.mk

Оваа реченица многу ме потсеќа на голем број ситуации и ден денес пробувам да им докажам на пријателите, а и на моите дома следното: ако не прифатиш некаков предизвик или ако сам не се мотивираш да направиш нешто што по некоја твоја искомплицирана логика сметаш дека не е добро, цел живот ќе тапкаш во место и пропратно ќе се изненадуваш од позитивните резултати на луѓето што ги прифатиле предизвиците.
Вака скокав преку сите идеи кои ги добивав, се до пред неколку месеци кога еден успешен ИТ професионалец успеа да ме убеди дека нема глупави идеи! Всушност, успеа и да ми докаже дека токму оние идеи од кои што очекуваме најмалку, можат да станат нашиот најголем успех!

И така дента отидов дома, си направив едно ладно матено кафе и го пуштив VS-то. Идејата што решив да ја реализирам денес постои во обликот на fancy.mk и претставува ништо повеќе од галерија за мода. Има категории облека, тетоважи, шминка и тн. Корисници си се регистрираат прикачуваат фотографии, гласаат, добиваат награди, значи поедноставна идеја амин!

памет.талент.страст.љубопитност.искуство. Во овој редослед

Дека сте паметни, паметни сте, мислам програмери сме ало!? Секој од нас има талент за различна работа. Ако уживате во реализација и пласирање на вашиот талент тогаш сте на вистински пат. Љубопитност може и да стекнете, just google, а искуство е важна меѓутоа последна и не е неопходна работа. Никогаш не дозволувајте недостатокот на искуство да ви биде оправдување за да не реализирате нешто.

Втор дел – Припрема

setup-listmk

Никогаш не ја прескокнувајте оваа фаза, не брзајте да ја завршите, многу е лошо прво да кодирате па потоа да планирате, едноставно нема логика.

Напиши детална спецификација за твојот проект. Добра спецификација носи две работи, го намалува опсегот на проектот и овозможува ефикасност-без аларм-без изненадувања.

Прва и основна грешка што може да ја направите е да почнете да кодирате без спецификација. Сигурно овде има многу програмери што имале „среќа” до сега да работат на некој проект без да добијат спецификација, а особено ако сте „џуниор девелопер“ сигурно ви било хорор. Правите едно, па сред работа ќе ви кажат да додадете нешто друго и бидејќи клиентите не ви се програмери воопшто не знаат како тоа ќе се одрази на вашиот постоечки код. Како и да е, секогаш ќе ви се случи да пропуштите некоја очигледна фукционалност.

Другите луѓе се најголемиот извор за инспирација

Баш поради фактот дека клиенти ќе ви бидат илјадници индивидуалци, треба да ги прашате:

  • Што очекуваат тие од вашата идеја?
  • Како тие мислат дека треба да се реализира проектот?
  • Како сето тоа треба да изгледа?

Ќе се зачудите колку ќе се прошири вашата спецификација од половина страна на цела тетратка. Навистина е лошо доколку не ги разјасните потребите на вашиот клиент. Доколку ова ви се случи можете однапред да заклучите дека проектот е осуден на пропаст. Така јас не знаев како да ја крстам мојата идеја и лесно уз муабет на работа со колегите, си добив и кума :).

Искуството е спротивност на креативноста – заборави што знаеш, бајато е и старо

Рандевуто никогаш не е лесно за програмерите. Нормална личност ќе внесе различни методи за создавање вештачки впечаток на привлечност. Програмерите се неспособни да го стават изгледот пред функционалноста.

Значи мора да признаеме, ние програмерите не сме баш најкреативните суштества на планетава и поважно ни е времето потребно да ни се вчита веб-страната, отколку дали ќе им се допадне содржината на посетителите. За момент заборавете на вашето искуство, понекогаш станува досадно да ги гледаме едните исти работи. Ако сите ја прават логин формата на истиот начин, направете вие самите нешто ново.

Добро знам дека ова нема да го разбере секој, ама ми ја разбравте поентата.

Разгледај можни постоечки решенија. Користи постоечки код и изгради 10% врз него – не 100% од ништо

Пред да ја примените својата идеја, треба да разгледате како некој друг го направил тоа. Од функционална гледна точка имам забележано дека многу програмери ги градат своите апликации врз постоечки платформи. Не можам да кажам дека тоа е грешка, мегутоа можам да кажам дека не го поддржувам ваквиот чекор од причина што често знае да нè ограничи. Aко сакате да вклучите дел за социјално вмрежување, не значи дека треба да земете некоја готова social networking платформа – не се работите така едноставни.
Наместо да се радувате на хакови и брзи решенија, концентрирајте се на други цели. Дали ова што го правите ќе функционира за сите? Дали е лесно за модификување? Дали е едноставно искуство? Немојте да станете дел од програмерите што го оставаат својот код-шпагети!

Ослободи ја својата креативност, ако ја ослободиш ќе останеш без ништо и ќе почнеш да бараш по нешто ново и свежо.

Луѓето секогаш се плашат дека некој може да им ја украде идејата. Често се случува она што сте го направиле вие некој поштено да си го земе, да го разработи и да го искористи. Тоа е факт, меѓутоа мислам дека тоа ќе ви биде добра мотивација за да направите нешто многу подобро!

Некои од нас ќе имаат среќа да постигнат огромни успеси – но ако ако се следиме едни со други по патеката за надолу, никогаш нема да ги достигнеме тие височини.

Која е поентата да ја примениме својата идеја на ист начин како што некој друг го направил тоа.

Трет дел – Продукт

produkt-listmk

Нема изговор за лош дизајн, никаков!

Втора грешка – дизајн. Како што споменав, на програмерите секогаш им е поважна функционалноста отколку дизајн и користење. Програмерите мразат CSS колку што мојот колега дизајнер мрази да ми го префрла html-от во aspx.
И, ако вашата идеја е да продавате кафе на интернет, позадината ќе ја направите плава затоа што мислите дека е заштитна боја на ИТ светот и воедно ваша омилена боја! Исто како што јас си земав темплет во кој што доминира црвено затоа што си ги обожавам црвените чизми.

Немојте да се врзувате со локацијата при најмување на дизајнер

Да ми го видите логото, нијансирање со ракописен фонт, каде е креативноста во ова? Поштено, ќе си ангажирате дизајнер што ќе ви го направи идентитетот на Интернет страната и ќе работи паралелно со вас на сите внатрешни страни, бидејќи верувајте, дизајнот matters! Цел свет работи на тој принцип, сите прават аутсорсинг од една едноставна причина – поефтино е, ем часовите што ќе ги потрошите пробувајќи да дизајнирате нешто сега ќе можете да ги искористите во програмирање, ем за малку пари ќе добиете нешто што е малку веројатно дека самите ќе го постигнете.
Она што е ваше како програмер, е да ги користите поновите технологии, да инкорпорирате некој убав jQuery слајдер, да не се држите за Grid контролата како слеп за стап, наместо неа ставете некоја контрола што нуди полесно прилагодување на изгледот.

Стандарди за кодирање

Не значи дека ако проектот е само ваш, и никој не треба да го гледа кодот и дека треба да користите кирилица за именување на променливи. Стварно и ова ми се има случено, да отворам туѓ код и да најдам кирилични зборови во кодот. Користете некои naming styles или coding conventions што ќе си ги одредите сами, ако сте почетник ова ќе ви створи навика за утре и на работното место да бидете конзистентни со остатокот од тимот, а ако сте сениор се подразбира дека кодот треба да ви е бонбона, кога ќе го види некој друг да му биде мерак да работи, а не да корне коси. Коментирајте! Правете валидација на податоците, корисниците се толку заморени од пополнување форми, што многу е веројатно дека ќе внесат некои без-врска букви во полето за е-пошта.

Multi-tier развивање

Ове е веќе старо, значи се подразбира дека треба да имате multi-tier архитектура. Кога ќе видам селект во application layer ми се темни, значи камено доба! Ако овој селект ви бил толку важен што сте одлучиле да го ставите овде, веројатноста дека ќе ви затреба на друго место во апликацијата е огромна. Тоа е поентата на multi-tier компонентите да бидат reusable

Едноставноста има вредност

Ако решите да поставите страна за регистрација на членови, немојте да им наметнувате на посетителите да пополнуваат илјада полиња само затоа што сакате Person табелата да ви биде најубава! Верувајте, никој нема да се регистрира! Најдете друг начин да дознаете повеќе за луѓето. Наместо да ставите поле Град, користете аналитика за да дознаете од кој Град имате најмногу посети. И, немојте да ја ограничувате секоја можна функционалност со регистрација. Додадов “Ми се допаѓа” копче под секоја слика и направив да може да го кликаат само најавени корисници. Знаете колку пренасочување имам кон страната за регистрација? Милион!

Порблемот регистрирај се = луѓето изгледаат заинтересирани за вашиот веб-сервис, но не се мотивирани за да го пробаат

Значи, дозволете им на посетителите да ја разберат ваша идеја, пред да решат да станат дел од неа! Не им ја презентирајте само идејата на посетителите, покажете им која е нивната придобивка доколку се регистрираат.
Така откако првпат ќе се најават, нека пишува добредојде person.FirstName + “ “ + person.LastName. Која е идејата да им дозволите да прикачат слика од нивната нова фенси тетоважа ако немаат свој профил каде ќе бидат излистани само нивните фотографии. Ако утре решат да проверат колку Like’s добила нивната фотка, ќе се откажат барајќи ја на интернет страната помеѓу илјадниците останати слики!

Моментот “Се регистрирав и сега што?”. Значи секогаш објаснете им на луѓето што треба да прават – People like to be told what they should do. Така, на профил страната треба да стои линк до страната за прикачување фотографии, линк и инструкции до наградните игри, и сл.

Ако сакате корисницитите да направат нешто, направете го тоа поочигледно. Гласај, Купи, Коментирај…

Текстот е придонес на Васја Петковска и оригиналниот текст продолжува на нејзниот блог.
Илустрација kapsarovb

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

1 коментар

  1. Одличен текст. Ѝ честитам на автораката.

    Делува освежувачки кога ќе видиш колега – програмер(ка) дека размислува детално, свртено кон корисници и со искуство.
    Го маркирав текстот во Instapaper — ќе го читам дома повторно, натенане.