Пред неколку недели се размислував како може да се заштити контакт формулар од Spam ботови, но за разлика од останатите, овој да биде едноставен за пополнување и без Captcha. За да направам ваков формулар решив да не барам на интернет туку да направам свој.
По неколку дена размислување, се разбира не цело време
ми текна дека Spam ботовите најчесто ги посетуваат страните со исклучени CSS и JavaScript, па така ако додадам дополнително поле во формуларот кој ќе биде скриено со CSS, ботовите сепак ќе успеат да го видат и ќе го пополнат. Ова поле ќе послужи како проверка дали формуларот е пополнет од човек или бот. Доколку полето е пополнето станува збор за бот, а доколку не, тогаш формуларот е пополнет од човек. Супер!
Повеќе

Ова е едноставен пример на креирање на Ajax контакт формулар со jQuery и PHP. Крајниот резултат можете да го погледнете тука или пак преземете го.
Повеќе
Креирањето на галерија со jQuery е навистина едноставно, а тоа може да го видете од следниот пример. Крајниот резултат можете да го погледнете тука или пак преземете го.

Повеќе
Со популарната JavaScript библиотека jQuery можете да ги проширите дизајнерските способности на вашата страна повеќе отколку што може само со CSS. Доколку имате познавање од CSS, учењето на jQuery ќе ви биде доста полесно.

Што е jQuery?
Според jQuery.com, jQuery е брза и мала JavaScript библиотека со која многу лесно се креираат веб ефекти со само неколку линии код. jQuery е дизајниран да го смени начинот на пишување на JavaScript код, така што, 10 линии JavaScript код ќе се претворат во само 2 линии.
Повеќе