Програмирање

Листа на најдобрите PHP frameworks

thumb_frameworks

При развој на некоја веб страна најчесто користиме некој php-framework (според поимникот на МИО би било рамка-водилка), наш сопствен или некој од веќе добро познатите и признати кај PHP заедницата. Овде ќе презентирам листа на PHP frameworks кои моментално се најактуелни и најприфатени од PHP програмерите и новите што имаат голем потенцијал да станат општо прифатени поради нивните карактеристики.

Повеќе

Генерирање на случајна лозинка

Генерирање на случајан лозинка

Сите ние честопати сме сретнале веб-страни што при регистрација ни овозможуваат можност да си генерираме случајна лозинка (односно random password). Поголем дел од посетителите на администраторските уредувања најчесто користат cPanel и оваа опција таму се среќава најчесто. Доколку имате потреба да додадете сопствена опција за генерирање на случајна лозинка на вашиот блог/интернет страна или само ве интересира како се прави такво нешто, повелете и разгледајте го туторијалот што следи.

Повеќе

Креирање на оптимизирани линкови за пребарувачи

Programiranje Thumb

При развојот на една веб страна потребно е да се внимава на многу работи доколку сакаме да направиме квалитетен производ со кој што ќе бидат задоволни сите засегнати страни. Една од поважните работи при изработката е креирањето на оптимизирани трајни линкови за пребарувачи SEO URL-a кои носат на содржините на веб страната. Доколку веб страната што ја изработуваме е на македонски јазик, и насловите на содржините се на кирилица, а сакаме нашите трајни линкови да бидат латинични, правиме конверзија од кирилица во латиница односно транслитерација. Секако, тоа не е задолжително, дури и во последно време гледам се повеќе веб страници што користат кирилични линкови. Еднаш веќе имаме пишувано на оваа тема, од аспект на задржување на кириличните линкови, но само за пребарувачките ботови. Она за што зборувам е следното, доколку имаме наслов на некоја содржина:

Повеќе

Марнет како извор на инспирација за агрегирање на податоци

marnet agregator

Марнет, како „најинспиративна“ и „најпрогресивна“ институција во Македонија ме поттикна да го напишам PHP кодот во продолжение. Секој што сака и што може и разбира, слободно може да го искористи, менува и надградува и да го употребува и за други слични намени.

Повеќе

Надгледување статус на интернет страна со PHP

Надгледување на статус на интернет страна со PHP

Како веб програмери/администратори најверојатно сте се нашле во ситуација кога интернет страната на некој клиент е падната подолго време, а вие не сте приметиле. Во овој пост ќе ви понудам едно доста просто, но сепак ефикасно решение за ваквите проблеми. Имено ќе направиме скрипта во PHP што ќе проверува на секои 60 минути дали вашата интернет страна е достапна и функционира правилно.

Повеќе

Внесување и бришење на податоци со jQuery и PHP

vnesuvanje brisenje

Во овој туторијал ќе ви објаснам како да внесувате и бришете коментари/податоци во база без да се вчита страната по ново, нешто слично како Facebook. За да го постигнеме ова ќе користиме PHP, jQuery, малку SQL и CSS за изгледот.

Крајниот резултат можете да го погледнете тука или пак да го преземете.

Повеќе

Shoutbox со користење на PHP и MySQL

shoutbox

Најпрво да се претставам јас сум Стојковски Дарко aka macstr1k3r и ова е мојот прв гостински пост на овој блог, а се надевам дека во иднина ќе видите повеќе мои постови. Епа да почнеме.

Во претходните постови ви беа објаснети основите на php и како се користи. Во овој пост ќе ги искористиме вештините што ги имате стекнато до сега и ќе ги усовршиме со изработка на една едноставна shoutbox (види испразнисе.мк), апликација која што без големи потешкотии, доколку имате потреба, можете да ја претворите во систем за коментари.

Повеќе

Страна 2 од 512345