Инспирација

Креирај сопствена сликичка („аватар“) со сите нишани

kreiraj-sopstvena-slikicka-avatar-so-site-nisani

Убавината во користењето на интернет содржините е можноста секој да си се најде каде припаѓа. Тоа го прави преку оставање свој отпечаток на социјалните мрежи, креирање на интернет содржина преку медиуми или сопствен блог и слични активности. Секаде каде што некој корисник се појавува и внесува генералии поврзани со него, највпечатлива е неговата сликичка што директно реферира на неговиот изглед. Повеќето корисници ставаат сопствена слика каде што јасно се гледа нивниот лик, а тоа не е секогаш најдобар избор за сопствено промовирање. Објавувањето на интернет содржини без соодветно внимание се покажа дека може да биде и фатално, заклучок: колку помалку се експонирате како личност веројатноста радарот да ве одмине е поверојатна.

Идејата позади овој блог запис е да помогнам на сите тие што сакаат да си направат сопствен аватар и притоа да си поминат убаво време користејќи ги сервисите што веќе ги има подолго време на интернет мрежата, а притоа нивната фаца нема да биде 100% експонирана :).

Повеќе

Креативни реклами #1

Верувам дека добрата реклама е најбрзиот начин да се пренесе пораката до публиката, а доколку таа е привлечна станува инспирација и за другите. Најчесто рекламата е само реклама, но сепак некои компании се трудат многу за да ја направат нивната промотивна камања уникатна, впечатлива и успешна.

Во продолжение следуваат 10 креативни реклами за оваа недела.

Повеќе

Климатските промени инспирираа и многу креативни рекламни кампањи

klimatski-promeni

Копенхагенската конференција посветена на зголеменото внимание и свест за климатските промени што се најавуваат како голема катастрофа за светот, ги размрдаа креативните клетки и кај активистите. Еден интересен и доста креативен избор што неизбежно ќе ви предизвикаат впечатливи емоции.

Повеќе

20+ успешно дизајнирани македонски веб страни

20-uspesno-dizajnirani-makedonski-veb-strani

Во нашата деликатна македонска средина, изминативе години изникнаа пристоен број на инспиративни интернет страни. Нашата веб дизајнерска банда прилично добро и соодветно се паркирала во својата креативна кошница. Иако 2009 се покажа како година на криза, за подобрување на интернет просторот дефинитивно немаше криза. Освен што ви нудиме инспиративна збирка и преглед на нивото што генерално сме го достигнале во нашата Македонија, целата приказна се одвива на многу елегантен и удобен начин спакувана од Даниел.

Интернет просторот во последно време интересно се освежува со нови веб сервиси, а тоа го гледаме и во наглата промена на изгледот на многу познати веб страни особено од нашите домашни медиуми. Добро е да се видат како стојат работите, така на купче, за критериумот на нашите креативци да биде повисок и со тоа поквалитетен.

Како и да е се надеваме дека ќе делуваме инспиративно на вашиот креативен нагон, или ќе ви разбудиме убави чувства од убавината што може да се најде на интернет просторот кај нас.

Повеќе

Страна 8 од 8« Прва...45678