Инспирација

Фотографии од снимањето на Котон Клуб

Со почетокот на втората сезона на емисијата Котон клуб која се прикажува на Алфа Телевизија преку понеделник во 23:30 часот, случајно ми се пружи шанса да гостувам на едно такво снимање и тоа на првите епизоди. Со оглед на фактот дека амбиентот и сценографијата на емисијата се прилично креативни и делуваат како Џез-Блуз паб во кој се собираат врвни музичари од нашава Македонија и пошироко, би сакал да го споделам тоа инспиративно чуство преку неколку фотографии, а се надевам дека тоа кај вас ќе предизвика креативни вибрации.

Повеќе

Креативни пакувања #2

Креативни пакувања 2

Пакувањето е еден од најчестите примери за графички дизајн. Освен за прикажување на важни информации, пакувањето стана важна визуелна презентација при продажбата. Со употребата на илустрација, боја, типографија па дури и различни материјали за пакување, убавиот и атрактивниот производ може да ја зголеми продажба и да се издвои од конкуренцијата.

Би сакале да споделиме со вас неколку дизајни на производи/пакувања што можат да делуваат инспиративно на вашата креативност.

Повеќе

Креативни пакувања #1

kreativni pakuvanja 1

Пакувањето е еден од најчестите примери за графички дизајн. Освен за прикажување на важни информации, пакувањето стана важна визуелна презентација при продажбата. Со употребата на илустрација, боја, типографија па дури и различни материјали за пакување, убавиот и атрактивниот производ може да ја зголеми продажба и да се издвои од конкуренцијата.

Би сакале да споделиме со вас неколку дизајни на производи/пакувања што можат да делуваат инспиративно на вашата креативност.

Повеќе

Vero Center низ објектив

thumb_veroCentar

Долго најавуваниот Веро Центар што треба да го гледаме од денес натаму карши зградата со комплекс банки, ќе стане уште едно место за шетање во Скопје. Лидерското место на Рамстор, од затворен тип, почна да се клацка.

Повеќе

Концепт дизајн-идеја за возила на иднината

Концепти на возила

Возилата на иднината е интересна тема особено за генерација како нашата што е цело време бомбардирана со темата: премногу го загадуваме воздухот. Освен што новите концепти за возила на иднината треба да се еко-пријателски и да не ја загрозуваат природната средина, добро е во концептот да има вградено инвентивно решение за алтернативен погон наместо нафтата/бензинот како гориво.

Повеќе

Креативни реклами #7

Креативни реклами

Верувам дека добрата реклама е најбрзиот начин да се пренесе пораката до публиката, а доколку таа е привлечна станува инспирација и за другите. Најчесто рекламата е само реклама, но сепак некои компании се трудат многу за да ја направат нивната промотивна кампања уникатна, впечатлива и успешна.

Во продолжение следуваат 15 креативни реклами #7.

Повеќе

И носењето кацига може да биде забавно



Сите оние кои возат скутер или друг мотор знаат колку носењето на кацига на летниве горештини може да биде непријатно и загушливо. Посебно ако вашата кацига е во црна боја, која е и најчесто боја кај кацигите. Барем оние од пониската класа и за помали мотори не можат да се пофалат со којзнае каков дизајн. Еднобојни, со неколку линии, залепено лого и толку. Но, не мора да биде така. Погледнете ја следнава галерија на едноставни, а одлично дизајнирани т.е. фотошоп монтирани кациги, креативни идеи со кои сигурно ќе бидете забележани, макар и да возите томос 🙂
Пробајте нешто слично, мој совет тоа да биде на фолија и да се лепи како налепница при што мора да се внимава на формата, или ако сте добри во цртањето графити, пробајте со airbrush.

Повеќе

Страна 4 од 8« Прва...23456...Последна »