2009 – Година на ребрендирање и нови играчи
Годинава иако беше економски тешка или така сакаа само да зборат сите економисти, наскоро сигурно нема да дознаеме, но едно е јасно, ептен беше турбулентна во однос на ребрендирање и освежување на пазарот во скоро сите категории. Досега тешко е да се каже кој успешно се ребрендирал или се приклучил во поглемо друштво, но добро е да се види проветрување од време на време. Нашата мала Македонија или е во транзиција или излегува од неа, ама никако да се спаси. Полека, но сигурно доаѓаат некои странски инвеститори што ни зимаат дел од нашата паричка, што си ја стискаме со запотено раче во нашите џебчиња. Интересно е да се види колку креативно се покажале креативците во целата таа каша или мешаница помеѓу суетите од една страна и желбите на клиентот од друга. Земени се најсветлите моменти од 2009 година, што сега на крајот ни останува да се фаќаме за статистиката.










