Како треба да изгледа CV на графички дизајнер

Kako treba da izgleda CV na graficki dizajner

Од изгледот на вашето CV може многу да се дознае за вас: дали сте педантни, дали сте писмени, дали внимавате на типографијата, дали сте креативни, дали сте модерни?

Погледнете го своето CV – што ви зборува!? Седнете и направете тоа да ве отсликува вас, вештините кои ги поседувате, вашиот темперамент и интереси!

Што помислувате за личноста која конкурира за позицијата графички дизајнер, со следнава e-mail порака:

Изглед на една писмо за позиција графички дизајнер

Прашањата се:

  • Зошто пораката нема структура и учтив тон?
  • Дали вака ќе се однесува со идните клиенти?
  • Каде е чувството за естетика?
  • Гледате ли трошка креативност?
  • Дали кандидатот/ката ја прочитал/а по втор пат пораката пред да ја прати со печатни грешки?

Одговорите секако се очигледни… Веќе сте го формирале мислењето.

Инспирацијата за овој текст ја добив при последните конкурси за вработување на веб и графички дизајнер. Повеќе од 50% од пристигнатите CV-ја беа катастрофално дизајнирани со печатни грешки, лош избор на фонтови, непрегледност, стравична комбинација на бои, безидејност, монотонија, неправилно пренесувани зборови, лош избор на фотографии (како конкурс за модна агенција), лошо кадрирани фотографии…
Поразувачки 10% од кандидатите си дале слобода да излезат од Word и „вистински“ да го дизајнираат своето CV, во програмите кои се меѓу основните барања во конкурсот.

Вашето CV зборува за вас!

Од изгледот на вашето CV може многу да се дознае за вас: дали сте педантни, дали сте писмени, дали внимавате на типографијата, дали сте креативни, дали сте модерни? Погледнете го своето CV – што ви зборува!? Седнете и направете тоа да ве отсликува вас, вештините кои ги поседувате, вашиот темперамент и интереси!

Немам време да го дизајнирам

Немате време!? Прочитајте ја статија за конкурсот на изработка на CV на фиктивен веб дизајнер и погледнете колку солидни CV-ja направиле за само неколку часа (ги има и изворните фајлови за преземење) How To Create A Great Web Design CV and Résumé?

Креативни CV-ја мала галерија

2004_resume

Sid Santos

Curriculum_Vitae_by_mistis

Curriculum_Vitae_by-greg-dizzia

Curriculum_Vitae_by-Jonathan-Doe

Curriculum_Vitae_by-jonny_Rocket

Curriculum_Vitae_by-landin-hollis

Curriculum_Vitae_by-lau-cheuk

Curriculum_Vitae_by-michael-anderson

Curriculum_Vitae_by-robert-berg

Curriculum_Vitae_by-sebdesign

Curriculum_Vitae_by-sercan

Curriculum_Vitae_by-silverstain

Curriculum_Vitae_by-spencer

Curriculum_Vitae_by-sujoy-j

Curriculum_Vitae_by-tshirt

Curriculum_Vitae_by-tudor-deleanu

Curriculum_Vitae_by-yingzhu-luqiu

CV_by_Verine

cv-3-fold-idea

CVs_by_Fransanchez

Latest_CV_by_xchingx

macnider_resume

My_resume_by_brankovukelic

My_Resume_by_ChuckDLay

MY_RESUME_by_darthkix

My_Resume_by_littlearashi

My_Resume_by_montia

Personal_Resume_2010_by_heeeeman

Poster_CV_by_hippiedesigner

Resume___Naveen_Mamgain_by_naveenmamgain

Resume___The_Creative_Dork_by_pyrotensive

Resume_by_cheektocheek

Resume_by_cheektocheek

resume_by_xiruxiru

Resume_W_I_P__by_AchisutoShinzo

Typographic_Resume_by_mac1388

Curriculum_Vitae_by_mu

Curriculum_Vitae_by-alexandar-parker

Curriculum_Vitae_by-All-sizes-I-3D

Curriculum_Vitae_by-fede_moral

Curriculum_Vitae_by-stephan-knetts

cv_2010_by_waelthepro

resume_ver_1_2008_Urban_art__by_marauderx666

Дополнување 29.8.2011

Превземи ги сите во оригинална големина.

Името на датотеката

Верувале или не ако ја крстите креативно датотеката на вашето CV поголеми се шансите да ве запомнат. Логично име на фајлот би било CV-trajce-trpevski-graficki-dizajner.pdf.

Имињата на датотеките од 90% пристигнати апликации беа:

  • CV
  • CV-posledno
  • CV-final
  • CV-makedonski2
  • CV-MK
  • CV-sredeno
  • CV-za-prakanje

Мали совети за крај

Мојот едноставен совет е дека графичките дизајнери (и не само тие) треба да се потрудат своите знаења и вештини да ги презентираат не само преку содржината, туку и преку графичкиот изглед на своето CV.
И со „класично“ CV направено од word шаблон можете да конкурирате за работно место, но неверојатно поголеми шанси да бидете забележани од работодавачите е вашето CV да биде различно, откачено, креативно и интригантно! Така ги зголемувате шансите да бидете повикани на интервју и да ја добиете работата.

Споделуваме креативност

Доколку имате добро дизајнирано CV споделете го со нас на: send[at]list.mk, па следната статија да биде насловена: Креативни CV-ja од Македонија!

gravatar
Автор: Небојша Гелевски
За авторот: Графички дизајнер и фонт манијак повеќе...

6 Коментари

  1. Супер текст, топ примери за идеи за CV, но вакво CV мислам дека може да се направи единствено после минимум 5 годишно искуство во сферата, овие момчиња што се нарекуваат веб, па дури и графички дизајнери кај нас не можат да пополнат ни една графа во едно вакво CV и тука е разликата.

  2. Супер се CV-ава за графички дизајнери, бидејќи веројатно во исто време работодавачот или тој што ја врши селекцијата ќе има можност да се запознае малце и со твојот стил/твоите способности, но, не верувам дека некој би посакал да види вакви идиотски неразбирливи CV-а во некоја компаниа што нема врска со графички дизајн. Освен тоа на Adobe, и сличниге на него, другите се стриктно за дизајнери и би испаднал идиот ако ги пратиш било каде друго.

  3. Проблемот е што кога ќе им се прати одлично цв (па и подобро од примерите тука) на нашите компании. ќе добиеш понуда за плата која е помалку од смешна. Генерално се бараат дизајнери што се и програмери и аниматори и илустратори а по можност и магационери, преведувачи, сервисери, кафекувари … за фантастични 15.000 кои би биле тек после неколку месечна пробна работа.

  4. Проблемот е што кога ќе им се прати одлично цв (па и подобро од примерите тука) на нашите компании. ќе добиеш понуда за плата која е помалку од смешна. Генерално се бараат дизајнери што се и програмери и аниматори и илустратори а по можност и магационери, преведувачи, сервисери, кафекувари … за фантастични 15.000 кои би биле тек после неколку месечна пробна работа.

    BRAT MNOGU SI VO PRAVO
    JAS SEDAM NA TOJ SAREN I MAKEDONSKI STOL

  5. Zdravo momci, super tutoriali i soveti prakjate.

    Linkot Prevzemi od

    Дополнување 29.8.2011
    Превземи ги сите во оригинална големина.

    ne funkcionira,
    ke mozete da gi zakacite pak ili linkot da mi go pratite na mail ili neznam sto 🙂

    epten bi sakal da gi iam ovie. Sreduvam portofolio, arhitekt sum i sakam da ja razrabotam semata AutoCad-Illustrator-Photoshop_Indesign, pa fajlovive mislam ke mi pomognat. Fala mnogu and keep on posting 🙂

    Aleks

  6. Александра 16 May, 2012 во 20:45

    Па стани и барај си ја среќата на друго место!