Како да направите копче во Photoshop

Како да направите копче во Photoshop

Во овој туторијал ќе ви покажам како да направите копче во Photoshop кое ќе изгледа супер и ќе ги натера вашите посетители на сајтот да кликнат на него без никакво размислување. Како да направите копче во Photoshop Копчето ќе можете едноставно да го прилагодувате според вашите потреби, да му ја менувате бојата или големината и тоа само со неколку клика.

Најпрво направете нов документ (ctrl+n) со 500px ширина и 300px должина, како на сликата.

Како да направите копче во Photoshop

Од листата на алатки одберете Rounded Reactangle Tool и подесете го радиусот на 8px и бојата #AE0002.

Како да направите копче во Photoshop

Сега нацртете правоаголник со димензии 200px x 40px како на сликата.

Како да направите копче во Photoshop

Кликнете со десниот клик на новиот layer и одберете Blending Options.

Одберете Gradient Overlay и внесете ги вредностите како на сликата:

Како да направите копче во Photoshop

Вредностите на градиентот внесете ги на следниот начин:

  • Лево: Color: #000000, Location 0%
  • Средина (лево): Color: #414141, Location 50%
  • Средина (десно): Color: #6B6B6B, Location 50%
  • Десно: Color: #FFFFFF, Location 100%

Како да направите копче во Photoshop

Откако ќе завршите со градиентот одберете Drop Shadow и внесете ги вредностите како на сликата:

Како да направите копче во Photoshop

Доколку е се како што треба ќе добиете нешто како ова:

Како да направите копче во Photoshop

Сега одберете Type Tool (t) од листата на алатки, одберете Verdana фонт, Bold, големина од 20px и боја #FFFFFF.

Напишете Кликни ме! или некој друг текст по ваша желба, сите со големи букви.

Кликнете со десниот клик на новиот layer со текстот и одберете Blending Options.
Одберете Drop Shadow и внесете ги вредностите како на сликата:

Како да направите копче во Photoshop

Доколку е се како што треба на крајот ќе добиете нешто како ова:

Како да направите копче во Photoshop

Бонус: за да ја смените бојата на копчето се што треба да направите е да ја смените бојата на layer-от со правоаголникот. Едноставно нели? Како да направите копче во Photoshop

Како да направите копче во Photoshop

Како да направите копче во Photoshop

Ако имате прашања во врска со креирањето на копчето слободно напишете коментар.

gravatar
Автор: Даниел Брзанов
За авторот: Здраво! Јас сум Даниел a.k.a. Delicon, се занимавам со веб дизајн и програмирање повеќе од 10 години и сакам да го споделам своето знаење со сите што се заинтересирани за тоа.

Може да ве интересира:

3 Коментари

  1. Поздрав,
    Дали ќе може да го копирам туторијалот многу е итно т.е многу ми треба !?

    Одговори на овој коментар
    • Секако, под следниве услови:

      Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).
      Сподели под исти услови — Ако го промените, трансформирате или адаптирате ова дело, можете да го дистрибуирате добиеното дело само под иста или слична лиценца на оваа.

      Само напред :)

      Одговори на овој коментар

Напиши коментар

Известувај ме преку емаил за новите коментари. Можеш да се претплатиш и без да оставиш коментар.