Каде сè ќе го има FIFA World Cup 2010 – South Africa

Што голема работа ќе беше еден таков настан за мас-ентртејнмант како што се Олимписките Игри, Светските и Европските првенства во фудбал, Атлетика, Тенис, Формули и ред други работи. Целата поента на овие настани е да се занимава со забава населението во пошироки размери. На литературно македонски тоа се вика ПАНАЃУР! Еден таков мултимедијален и мултиплатформски стејџ каде што масовно треба да се излезе и да се продава на големо, со локален пристап. Што сè опфаќа тоа неможе ни да се претпостави, телевизија, интернет, радио, печат, видео игри, текстил, спортска опрема, музика и сето тоа што следи, a не ми текнува во моментов.

Светското првенство во фудбал Јужна Африка 2010 е таков еден панаѓур што повеќето мажи и жени ќе ги зацементира пред телевизорот, а во меѓувреме ќе може да се занимаваат со него на интернет или видео игрите со теми од истото. Не е само тоа, со социјалните мрежи секако дека ќе се покрие тој настан. Како и да е таквите спортски настани се добронамерни и имаат позитивни вибрации во поголема смисла затоа што зближуваат голем број на луѓе и на таа тема се разменуваат мал милион идеи што ги опфаќаат скоро сите индустрии што ги измислило ова човештво.

И сега, во склоп на нашата агенда за анализа на визуелната комуникација од сè што ни се сервира, Светското првенство во фудбал веќе одамна си има и носечки визуален костим каде што јасно се гледаат темите од знамето и боите од Јужна Африка. На големо веќе повеќето од нас ја знаат тематската музика како и изгледот на визуелните материјали што го презентираат тој настан. Наводно оваа е револуционерна година затоа што за прв пат по 80 години FIFA има продадено лиценца за продукција и дистрибуција на ументички дела поврзани со Светското првенство 2010 на компанија од Јужна Африка таканаречена 2010 Fine Art. Интересно е што и кај нас почнаа уште пред неколку месеци многу интересни текстови околу Светското првенство како на пример текстот на А1 за Најубави и најгрди дресови на првенството или генералиите – Википедија што ги имаме целосно на Македонски.

Еве каде се може да ја најдеме приказната од Светското првенство во фудбал ФИФА 2010

Да почнете со официјалните податоци, а тоа е официјалната интернет страна на првенството www.fifa.com/worldcup како и sa2010.gov.za, местa каде што официјално ќе може да се следат податоци и случувањата околу овој настан. Да не ја изоставиме тука Wikipedia оти без неа нигде не нè пуштаат!

Официјалната FIFA WC 2010 интернет страна

На социјалните мрежи може да ги најдеме на twitter како southafrica2010 или на facebook групата South Africa 2010 Fifa World Cup, за профил или страна незнам, но тие што можеби знаат нека додадат во коментари.

Околу постерите, постоеше гласање што сочинуваше неколку постери од кои изгласаниот стана официјален постер за 2010 FIFA World Cup™ South Africa на 23 Ноември 2007 година.

WC 2010 Official Poster

Да не ја изоставиме EA Games која што веќе оддамна ја продава својата игра со темата од светското и повеќето од нас можеби веќе ја играат по дома.

EA Art Box WC2010

И официјалната интернет страна за видео играта каде што може да најдете повеќе околу тоа:

Официјална и. страна на EA Games South Africa 2010

Видео презентацијата како најдобриот презентер, ако не и најголемиот, на големо го има насекаде околу нас. Кока Кола веќе подолго време ја форсира на телевизија тематската песна на првенството со рекламата за Роџер Мила. Музиката е на K’NAAN – Waving Flag и е едно од позначајните креативни изразувања на ова Светско првенство.

За тие што сакаат повеќе, можат да ја најдат хронологијата од лого дизајните (logodesignlove.com) низ годините поминати за Светското првенство во фудбал. Доколку атмосферата дома не дозволува следење на светското преку домашниот телевизор, тогаш добро за корисниците на интернет постои интернет страната WatchLiveSoccer.tv или некои слични сервиси за кои незнам во моментов или не сум слушнал.

Ви посакуваме супер натпревари и добро поминати моменти со вашите екипи/најблиски додека ги следите случувањата од Светското првенство Јужна Африка 2010 од 11 Јуни до 11 Јули 2010.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

1 коментар

  1. Меѓудругото, можете да собирате и виртуелен албум со виртуелни сликчиња Панини преку официјалната страна на ФИФА http://en.stickeralbum.fifa.com/login