iWatch концепт

iwatch
Фанови сте на iPhone или iPad? Што е следно? iPhone 4G или часовник инспириран од производите на Apple?

iWatch не е обичен часовник кој го покажува само времето. Доколку би се реализирал овој концепт, часовникот ќе може да се поврзе со вашите уреди кои користат Bluetooth, ќе има 16GB вградена меморија и ќе ви овозможи да одговарате на повици преку него. Тој исто така ќе прикажува RSS, временската прогноза и ќе ви овозможи разгледување фотографии во Apple стил. Во iWatch има вградено и Pico проектор со кој ќе можете да гледате видеа на ѕидот.

iwatch

iwatch

iwatch

iwatch

Сè на сè, тоа е прилично интересен концепт, но не очекувајте тоа да стане вистински производ во скоро време.

gravatar
Автор: Сања Лазаровска
За авторот: н/д

Comments are closed.