ИТ Литература во Македонија

Прашања и одговори

Неодамна преведував книга за бази на податоци од англиски на македонски и преведувајки си размислував колку ИТ писмените колеги ќе се смеат на текстот што ќе го читаат. Јас би се смеела…

И покрај тоа што пред некоја година излезе поимник на македонски зборови од областа на ИТ, некои зборови едноставно не се преведуваат, звучат смешно, и најчесто го губат значењето!

Бидејки често се сретнувам со предизвикот дали да напишам нешто на македонски или на англиски, ме интересира вашето мислење? Доколку сте ИТ писмени и решите да се надоградите во некоја нова ИТ област преферирате македонска литература, или би користеле англиска?

Прашува, Васја Петковска & List.mk?

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

4 Коментари

  1. Напишав пост како одговор на ова прашање: http://mislam.blogspot.com/2011/04/blog-post_23.html.

  2. Мислам дека би било подобро да ги користиме оригиналните поими одколку да се ” изгубиме во преводот ” 😛

  3. Киро Велковски 2 May, 2011 во 00:27

    Користам речиси исклучиво англиска литература, но целиот компјутери ми е со македонски верзии на софтверот… Инаку мислам дека поимниците се лекување на болест, ама после смртта. Кога би се прашувал – лично би ги вклучил СИТЕ верзии на сите преводи во поимниците и толку. Зошто, аман, зошто да го ограничуваме јазикот?!? НО, за новите поими, наместо да се скита, предлозите може и треба да потекнуваат од Институт за македонски јазик и/или Факултитети, МИО, сите stakeholders. Па ако се „зафатат“ фино, ако не, ќе има и други преводи.
    Ама никакво чепкање на веќе прифатените зборови…
    На пример, со што би го смениле маја, фрижидер, сако, наткасна, нејсе, и уште МИЛИОН други заемки што се во јазикот…

  4. I think it would be better to use the original concepts than to “lose in translation”