Интервју со екипата позади 0.mk

0mk_thumb

Во првата половина од оваа година интернет страната/сервисот 0.mk, за кратење на долги врски (линкови), како прв таков македонски сервис се накити со доста заслуги. Освен што интернет страната е спакувана со елегантен изглед и поврзана директно со социјалните мрежи како Twitter и Facebook, го освои и првото место на веб дизајн предизвикот организиран од IT.com.mk.

Младите веб програмери/дизајнери се интересно трио што во моментов го поминуваат времето во летни одмори и спремање за септемвриската голгота. Споени сили од Кочани, Кичево и Виница успешно реализираа проект за кој сакаме малку подетално да се информираме.

Тимот позади 0.mk е составен од Дејан Ангелов (плус Facebook и LinkedIn), Теодос Пејоски (плус Facebook и LinkedIn) и Даниел Гаврилов (плус Facebook). Теодос Пејоски е сопственик на g6.mk, а Дејан Ангелов и Даниел Гаврилов се здружени во ultim8.info.

Timot 0.mk

Кога започна приказната околу 0.mk и како успеавте да ја составите така фино?

Првичната идеја за проектот ја добивме некаде кон крајот на јуни минатата година, а набргу потоа, околу средината на јули првата верзија на сервисот беше подготвена за претставување на јавноста.

Колку членови сте во екипата?

Во екипата сме тројца: Дејан Ангелов (http://twitter.com/dejaaan), Теодос Пејоски (@_teddy) и Даниел Гаврилов (@drifter4e)

Што технологија се крие позади целиот проект и колку време ви требаше за да ја спакувате така солидно?

Сервисот е изработен со PHP, а податоците се чуваат во MySQL база. Процесот на создавање на сервисот не беше нешто многу комплицирано, меѓутоа неговото одржување и надградувње, т.е. одговорот на барањата на корисниците не секогаш е лесна работа.

Слушнавме дека имате новости што сакате да ги надоградите на 0.mk, какви се тие подобрувања?

Имаме во план повеќе работи. Приоритет за наредниот период ни се статистиките за скратените линкови, повеќе детали околу посетеноста на линковите како и отворени статистики за корисници кои што ќе изберат таква опција.

Дали сте размислувале за бизнис модел, како би заработувале или можеби имате друга цел?

Се уште сме во фаза на развивање на сервисот и она што се обидуваме да го направиме, е, да на некој начин ги филтрираме и споиме позитивните работи од поголемиот број на светски-популарните сервиси за кратење на линкови. Можеби кога ќе стигнеме до одредена точка и сметаме дека тоа е доволно, ќе поработиме и во поглед на заработувачка. Меѓутоа не се жалиме за направеното до сега бидејќи сервисот ни отвори голем број на нови можности и на некој начин и сега индиректно заработуваме од тоа. :).

Неодамна 0.mk доби прва награда на натпреварот организиран од it.com.mk и MkHost, какви промени ви донесе тој настан?

Сервисот и предходно беше позитивно критикуван од публиката и тоа што недостасуваше беше токму оваа награда, која што представува круна на успесите во изминатата година. Секако тоа го зголеми интересот околу сервисот што резултираше и со нови корисници.

Blog 0.mk

Некои идни проекти?

Покрај сите идни планови околу сервисот (од погорните прашања), како главна цел и иден проект е воведување на мултијазичност. При крајот на првата верзија имавме еден тест обид за воведување на повеќе јазици, меѓутоа плановите се сменија со излегување на втората верзија. Овој пат се надеваме на успешна реализација и одиме worldwide 🙂

gravatar
Автор: Интервју
За авторот: Споделување на идеи и корисни искуства од нашите гости. Информацијата е најдобра кога е од прва рака и тогаш најефективно ги буди креативните вибрации на нашиот УМ.

Comments are closed.