Интернет за по дома

thumb_internet

Оваа колекција на цени е правена по некое мое истражување како обичен потенцијален интернет муштерија и доколку сум пропуштил нешто/некој тоа е затоа што информациите на интернет дистрибутерите во Македонија не стигнале до мене како потенцијален купувач. Информациите содржат цени за интернет пристап од било каков карактер/уред/извор со задолжителните додатоци, но тие се само додатоци.

Така седејќи си дома и дискутирајки на софата со бандата од list.mk, се мислевме се мислевме што дебата да отвориме и Delicon ми даде интересна инспирација, цените околу интернет пристап кај нас. Тоа значи секаков вид на пристап до интернет. Едноставно да видиме, шо е работта?

neotel-internet

Во слободна форма изгледа вака, немам ништо дома освен 4 ѕида и ми треба интернет. Сакам да се претплатам и сега размислувам за варијантата интернет или интернет со (мора) нешто: безично/телефон/кабелска/мобилен за сепак тој интернет да стигне до мојот уред. Интернетот треба да биде со пристојна брзина и прилично стабилен, цената да биде околу 1000 денари месечен надомест.

cabletel-internet

Арно ама кај нас со цени за интернет пристап и можниот пристап до интернет се некако нејасени. А кога Алиса стигна на нивните (нашите дистрибутери) интернет страни, има што да види!? Иако брендовите што постојат на нашава трпеза „фучат“, некои веб страни имаат посебно место во моево срце. На пример, од интернет страната на Телекабел не разбрав ништо, како оди приказната цена-пакет требаше вербално да прашувам луѓе за да разберам, на пример goranmitev.

telekabel-internet

Што е уште потрагично, one.mk немаат ставено информација за брзината на интернет врската, само количина на пренос на податоци. Е како да купам од вас интернет кога немате во понудата на интернет брзина на пренос на таа количина на податоци?

one-internet

Мене ме интересира како да стигнам до интернетот како услуга, не ми треба телефон и не ми треба телевизор, а пак најмалку мобилен. Но некако кај нас повеќето од тие работи задолжително одат во пакет и така добиваш плус цена за тие „пакети“. Сепак ако веќе имам такви украси, тогаш нека бидат сведени на минимум.

thome-internet

Напомена: Цените содржат информации од понуди на интернет дистрибутери што работат низ/скоро цела Македонија. Цените се со вклучен ДДВ, изразени во денари. Споредувани се најконкуретните понуди во моментов за домашна и мобилна употреба до и околу 1000 денари, 7 септември 2010 година.

Пакетите треба да ги анализирате од аспект за интернет услуга, со пристојна брзина и регуларна цена. Kабелската линија и фиксната линија се посебна приказна, но кога веќе ги има понудени од дистрибутерите, презентирани се пакетите што ги нудат самите компании со дополнителните попусти.

Деловните пакети и услуги ги оставам за тогаш кога ќе бидам потенцијален деловен корисник.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

1 коментар