Интернет социјaлни мрежи и Македонија

Преку World Wide Web, Интернетот доби реална форма на постоење разбирлива за секој писмен човек. Тоа што го имаме како платформа за споделување информации се развива со незапирлива брзина. Во тој контекст се разви продуктот веб-сервис што овозможува некаква on-line услуга со која корисниците можат да добијат некаква вредност при користењето на Интернетот.

Сурфајќи низ целата таа платформа се појавија Интернет социјални мрежи како веб-сервиси за групирање и комуникација помеѓу корисниците. Мрежите како Facebook, LinkdIn, Twitter, Google+, MySpace, YouTube овозможуваат зачленување на корисници и споделување на некакви активности и содржини помеѓу нив. Контекстот за комуникацијата и причините за користењето на овие веб-сервиси зависат од корисникот, но истите овие социјални Интернет мрежи собираат податоци од нивните корисници. Овие податоци се користат за рекламирање на некакви маркетинг програми, прикажување на големината на самиот веб-сервис и вкупната бројка на корисници. Податоците самите веб-сервиси ги објавуваат јавно или преку други веб-сервиси што собираат и анализираат социо-економски податоци.

КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТОТ КАЈ ПОПУЛАЦИЈАТА ВО СВЕТОТ – 31 ДЕКЕМВРИ 2011

Регион

Вкупна
популација

Интернет
корисници 31/12/2000

Интернет
корисници

31/12/2012

Застапеност
во популацијата

Раст

2000-2011

Проценти во Интернет корисници

Африка

1.037.524.058

4.514.400

139.875.242

13,5%

2.988,4%

6,2%

Азија

3.879.740.877

114.304.000

1.016.799.076

26,2%

789,6%

44,8%

Европа

816.426.346

105.096.093

500.723.686

61,3%

376,4%

22,1%

Бл. исток

216.258.843

3.284.800

77.020.995

35,6%

2.244,8%

3,4%

Сев. Америка

347.394.870

108.096.800

273.067.546

78,6%

152,6%

12,0%

Јуж. Америка

597.283.165

18.068.919

235.819.740

39,5%

1.205,1%

10,4%

Австралија

35.426.995

7.620.480

23.927.457

67,5%

214,0%

1,1%

ВКУПНО

6.930.055.154

360.985.492

2.267.233.742

32,7%

528,1%

100,0%

Извор: www.internetworldstats.com

Македонија и Интернет

Ако ја разгледаме Македонија како пример, можеме да спознаеме многу фактори и феномени за населението користејќи ги податоците што се веќе јавно објавени од Интернет операторите и социјалните Интернет мрежи на веб.

Мажи и жени корисници на Facebook во Македонија

Во Македонија имаме 1.075.413 корисници на Интернет според објавата во 2010 на Интернационалната унија за телекомуникации. Тоа е 51.90% во однос на вкупната популација на Македонија. Иако знаеме дека сите овие корисници не се редовни, сепак истите ги доставиле своите податоци за себе во регистарот на Интернет операторите и веб-сервисите што ги користат. Сите познати веб-сервиси како што се Facebook, Google+ и особено LinkdIn собираат податоци за своите корисници.

Возрасни групи на Facebook корисници во Македонија

country-mk-age-ratio

Овие податоци опфаќаат сè:

  • степенот на образование и образовната институција,
  • пол,
  • година на раѓање,
  • брачен статус или врска,
  • место на живеење,
  • држава,
  • интерес,
  • занимање,
  • религиска определба,
  • телефонски број
  • итн.

Во Македонија бројот на Facebook корисници, како најкористен веб-сервис на Интернет, брои во моментов 873.580. Од овие бројки може да заклучиме дека 81,2% од корисниците на Интернет во Македонија користат Facebook.

Списокот на податоци што ги собира овој веб-сервис ги објавува на интервали од неколку месеци со комплетна социо-економска демографска анализа. Останатите ги продава на клиентите за спроведување анкети, истражувања, фокус групи и маркетинг кампањи.

fb-taking-over-mk

Вннимателно што правите на Интернет и кога ги внесувате вашите податоци запрашајте се дали „мора“!


gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.