Инспиративни и необични визит карти


Визит картите одамна не се веќе само парче хартија на која се испишани генералиите и контакт информациите на некоја компанија или поединец.
Со нив го оставате првиот и најважен впечаток при секој нов состанок со потенцијален клиент, бизнис соработник или на вашиот бербер на пример 🙂 Ова е посебно важно ако вашиот бизнис е било како поврзан со дизајн воопшто.

Хартијата не е веќе единствениот медиум. Се повеќе визит карти се на пластика, со 3д испакнувања или влдабнувања, со силиконски премачкувања. Понатаму на метал, карбон, брусен алуминум, дрво, на кое ласерски се гравира, текстил, со прешивање, на кожа, втиснати на антилопа, и какви ли уште не.
Во различни форми, од стандардните 90х50см или правоаголник, преку квадратни, кружни, елипсовидни, заоблени, избушени, дводелни, троделни, на превиткување, со џебови, минијатурни и минималистички. Со дополнителна обработка потоа,  од стандардните пластифицирани, сјајни, со декоративна фолија, УВ преливи, златни, сребрени жигови се со цел да се потенцира целата или некој дел од визит картата.

Подолу е селекција на најкреативните 50 визит карти ископани од нет кои имаат уникатен дизајн и кои се одлични за ваша идна инспирација. Во следното продолжение  ќе научите и како сами да си дизајнирате и припремите за принт ваша сопствена визит карта.

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

5 Коментари

  1. ispratete ceni i modeli za vizit karti

    palenzo

  2. Lazo.Krstevski 21 Jan, 2011 во 18:11

    Ve molam ispratetemi katalog i mustri ako moze, za da gi nudam vo Makedonija -Skopje vasite proizvodi.

  3. Lazo.Krstevski 21 Jan, 2011 во 18:23

    Odlicni ste

  4. Kade vo Makedonija mozat da se poracat vakvi vizit karti…

  5. Ова се визит картички се примери што ги направиле некои дизајнери што работат во дизајн студио или маркетинг агенција. За изработка на вакви визит карти потребно е знаење и креативна употреба на техниките за печатење, штанцање и познавање на хартијата. Овој пост не е каталог што може да го нарачате туку пост во кој има инспиративни дизајни што може да ги инспирираат диајнерите или компаниите да изработат некоја креативна визит карта.

    Позади list.mk има неколку дизајнери што може да изработат предлози за визит карти со ваков или подобар дизајн и истиот (со нивна кординација) комплетно да се изведе во соработка со печатниците. Сепак напомена дека станува збор за поскапи визит карти што имаат вклучено неколку слоеви на доработка.

    Се надевам дека помогна коментаров 🙂