Инспирација од македонски креативци на deviantART.com

darthumb-listmk

Ликовна уметност и илустрација што ќе ви ги извибрира и очите и ушите. Во „околината“ почна да се издвојува една заедница што создава убавина со која ни ги гали очињата и благодарение на deviantART можат тоа да си го споделат со сите нас.

Топло запознавање со овие уметници од кои повеќетo може да ги најдете на интернет страната Македонски стрип форум или на нивната заедничката галерија на deviantART. Ова е мал извадок од тоа што има да го понуди оваа почитувана социјална интернет страна за креативци од секој калибар.

Во оваа комбинација споделуваме со вас ликовна уметност низ дигитална платформа од домашната понуда.

themico

list-themico

DarkoRistevski

list-DarkoRistevski

Koc-SHC

list-Koc-SHC

alhemyo

list-alhemyo

marvelleftw

list-marvelleftw

TheSacredMushroom

list-TheSacredMushroom

ivan-bliznak

list-ivan-bliznak

TheDarkness86

list-TheDarkness86

TheSwanMaideN

list-theswanmaiden

drvce

list-drvce

1FoRgotTenPaSsWorD

list-1forgottenpassword

LostArtist99

list-LostArtist99

extremebt

list-extrimbt

halfelfpaladin

list-halfelfpaladin

NoLifeEmperor

list-nolifeemperor

Освен што можеме да ракоплескаме и да се радуваме, нека ми простат тие што не се внатре… Ние сакаме да споделиме сè што Вие имате за споделување, но некогаш треба да не информирате за тоа што го создавате на Интернет. Слободно праќајте пораки на send [@] list.mk или долу во коментари за други уметници и илустратори што сакате да се најдат во ваква колекција.

Здравје во следната ваква колекција ќе има фотографи или графички/веб дизајнери…

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

10 Коментари

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Blagoj Kapsarov and Zoran Dimovski, List.mk. List.mk said: Блог: Инспирација од македонски креативци на deviantART.com http://bit.ly/g9erVc #umetnost […]

  2. @Горан Митев Ептен се топ, браво за дечките… респект 🙂

  3. Секоја чест, одлични изработки.

  4. Здраво и Фала 😉
    Фала за убавата промоција на домашните автори
    Фала за пофалбата на нашата „стрип комуна“

    Имаме добра екипа на цртачи во земјава
    Макстрип си дојде како убаво катче за заеднички напредок на сите автори
    благодарение на несебичноста при советувањето, заедничкото работење, напредокот…
    Многу дела од авториве може да се најдат и во стрип магазинот Синдром,
    наредната среда излегува и #4, а кој сака, може да ги симне првите 2 броја, кои се споделени на форумот.
    Поздрав
    Давор / Растаман

  5. Убаво личат богами… За првиот (themico) само имам забелешка… Очигледен и препознатлив му е стилот (и тука нема ништо лошо, баш напротив, за почит е), меѓутоа, не знам дали така било побарано од него или не, ама насловнава на Хобит личи како книгата да е за деца… Што уствари па и не е баш… Истиот проблем го имаше и „преведената и адаптирана“ верзија на трилогијата “Lord of the rings”. Ниту се тоа книги, ниту темите во нив се теми наменети за деца.

  6. halfelfpaladin 15 Feb, 2011 во 04:13

    Еве и јас да се заблагодарам за промоцијава, ова премногу ни значи на сите нас. Ваквите работи само ни даваат елан за и понатаму уште повеќе да работиме! Уште еднаш, голема благодарност!

  7. […] фотографии што може да ги најдете низ галериите на deviantArt.com каде што инспирацијата е наметната сама по […]