HomeBank – лесно раководење со домашниот буџет

home-bank-listmk

HomeBank е бесплатен софтвер за регулирање и менаџирање на домашните финансиски трошоци и доходи. Можеби повеќето корисници на компјутер за оваа цел би користеле Microsoft Excel или LibreOffice.org Calc со табеларно уредување на формули и бројки, но овие софтвери обично им се најомилени на економистите.

HomeBank-Slika-1

Овој софтвер е објавен под GPL лиценца што го прави достапен и отворен за сите. Како платформа може да го возите на Windows, GNU/Linux и Mac OS. Тука не станува збор за некаков софтвер со банкарски способности од највисок ранг. Напротив со него може да се прават многу едноставни пресметки и евиденција на финансиите што ви се во оптек низ секојдневниот живот. Генерално целото користење е многу едноставно, внесувате плата, додатни доходи и потоа внесувате плаќања во кеш, кредитна картичка или друга некоја трансакција како сметки и партиципации. По извесен период во текот на месецот или на крај од годината можете да погледнете статистика на што сте трошеле најмногу пари и колку сте заштедиле. За најголемото плаќање што сте го направиле ќе гледате да не се повтори, односно подобро ќе го регулирате трошењето на вашите пари.

Регулирање на буџетот

HomeBank-Slika-2

HomeBank работи локално, не се поврзува со вашата сметка во банка или интернет сервис. Тоа што го прават во другите држави каде што има и интернет сервиси што се директно поврзани со вашата сметка во банка и плаќањата се извршуваат директно преку тој софтвер не е случај со HomeBank. Ваквите софтвери се користат повеќе како евиденција за трошењето на вашите финанскиски средства преку добро спакуван интерфејс. Внесувате колку примања имате во текот на месецот и кога трошите или добивате пари ги додавате со „Add Transaction“ копчето и го евидентирате преносот. Во тој запис има неколку информации што ги запишува HomeBank, датата на трансакцијата, колку евра/денари и категорија во која влегува таа трансакција (пример: кирија, кредит, сметки, гориво, намирници, поклони и слично). Исто така може да запишувате и идни трансакции што би се случиле во иднина или се планирани. На едноставен начин, имате евиденција на тоа колку пари имате во банката на располагање со повеќе сметки и трошоци.

Приказ на податоците

HomeBank-slika-3

Најдобрата придобивка од овој тип апликација е математиката и статистиката во позадина што нема да ви одзема дополнително време. Над таа економска математика визуелно во графи или пити се прикажани резултатите на вашата финансиска приказна. Поради фактот што работи локално и не се поврзува со сметката во банката треба редовно да ја проверувате и сметката во банката со цел да имате паралелна слика од тоа што го евидентирате и тоа што е вистински во банка. За нејзиното користење не треба многу да разбирате како работат банките или економистите. Со само триесетина минути запознавање со апликацијата веќе е јасно како се користи. Освен категоризацијата за тоа што сте го платиле исто така во најновата верзија има и начин на плаќање: кредитна картичка, кеш, електронско плаќање, депозит, претплата, партиципација и слично. Поради фактот што во основна е базирана за GNU/Linux оперативните системи нејзиното користење во Windows бара и инсталација на GTK+ што и не е некаков проблем.

Преземи

HomeBank е брз, едноставен и лесен софтвер за употреба што ви овозможува регулирање и евиденција на вашите пари. Има повеќе од доволно алатки што ќе ви се најдат доколку ја користите оваа софтверска апликација, а исто така помага и во заштедата на пари. Постои и можност за зачувување на извештаи во OFX/CSV датотеки и овозможува секој регуларен коисник на компјутер лесно да се снајде со неа.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

1 коментар

  1. […] приклучок и голема дневна соба. Кај нас е достапен со буџетска цена во СЕТЕК и освен за сопствено задоволство може да […]