Хаклабот #КИКА е отворен за сите

Хаклаб КИКА ОССМ

Слободен софтвер Македонија е организација што се занимава со воведување на слободниот софтвер во нашето општество и култура. Благодарение на оваа организација денеска може да ги користиме повеќето слободни софтвери на македонски јазик и можеме да го видиме Едубунту низ мониторите на школските клупи.

Со текот на време и зголемената информираност на нашите граѓани се создаде поголема бројка на ГНУ/Линукс корисници низ државата што организацијата го искористи како добра причина за воведување на помошна активност. Оваа единица ќе се потруди да им помогне на новите корисници (и тековните) во користењето на слободниот софтвер на нивните уреди.

Со Владан Поповиќ, како прилично ангажиран активист на 2смк што редовно го среќаваме таму, ќе го претставува гласот на КИКА понатаму во приказната :).

Што е КИКА или ХАКЛАБ и дали има разлика?

КИКА е првиот скопски ХАКЛАБ. Функционира скоро две години и шест месеци без престан во понеделник и четврток од 19:00 до 21:00 и сабота од 13:00 до бескрај. За оние кои не се сретнале со овој термин претходно, хаклаб е место каде луѓе со заеднички интереси, најчесто компјутери и технологија како што е и во овој случај, можат да се среќаваат, социјализираат, соработуваат или едноставно да споделат знаење.

Какви активности се случуваат таму и дали се редовни?

Редовни се активностите во понеделник – GNU/Linux прва помош. На овој настан доаѓаат луѓе кои имаат проблеми со било која GNU/Linux дистрибуција, но најчесто доаѓаат луѓе кои само што почнале да користат Linux и скоро сите се корисници на Ubuntu дистрибуцијата.

Во четврток вечерта е резервирана за поубавите програмски јазици – Python, Ruby, Javascript, но има и вечери каде што се програмира и во класичните С, С++, Java, РНР …

Во сабота е главниот настан „Сподели знаење“. Некогаш има рандом хакирање, некогаш има многу интересни програми и проекти кои се анализираат и развиваат, да не ги набројувам, сите работи што се до сега направени и што се во план се запишуваат на блогот.

Проектите кои се направени и кои се во план да се изработат се наоѓаат на вики страните, а сите настани што се случуваат во ноември, декември и јануари се поддржани од град Скопје. Има обука за програмирање со С/С++ за студенти со цел да можат полесно да ја поминат прва година и
обуки за GNU/Linux администрација и користење на web 2.0 технологии.

Почнувајќи од денес па сѐ до петок од 12:00 до 24:00 во хаклабот ќе се проектираат презентациите од 28с3 – најголемата хакерска конференција во Европа.

Каде точно се наоѓа и начини на контактирање?

Хаклабот КИКА се наоѓа на ул. „Васил Стефановски“ бр. 8/1, поточно, на првата улица десно од улицата која води од католичка црква до универзална сала:


View Skopje hacklab in a larger map

Може да не контактирате на (e-пошта) листа – ossm-members(at)lists.softver.org.mk, на ирц каналот #lugola на freenode серверот, или на твитер.

Работно време?

Хаклабот е отворен скоро секој ден, најпаметно е да се следи твитер профилот, твитаме кога го отвараме хаклабот за секој да знае 🙂

Колку активисти се вклучени во целата приказна и што ги мотивира истите?

Вклучени се околу 15 активисти кои редовно го посетуваат хаклабот и помагаат и финансиски и при неговото секојдневно одржување.

Дали имате начин за донации или други методи на помагање од страна на гостите и подржувачите? Дали можеби веќе ве помагаат некои фирми/организации/поединци?

Примаме различни динации во било каква форма. Пари пред сѐ, потребни за kирија и сметки, за докупување на хардверски и електронски компоненти, земаме стар хардвер од кој ги вадиме употребливите компоненти, а останатото го даваме на фондацијата Mетаморфозис кои се занимаваат со е-отпад и го користат неупотребливиот хардвер за правење ракотворби и други уметнички дела.

На сајтот на организацијата „Слободен софтвер Македонија“, која активно и во целост го поддржува хаклабот постои линк на кој граѓаните, посетителите и сите кои сакаат да го поддржат хаклабот може да се информираат за сите начини на кои можат да им помогнат на КИКА и на огранизацијата.

Донација за КИКА, на ж-сметка: 210-0570883401-10 при НЛБ Тутунска Банка АД – Скопје

gravatar
Автор: list
За авторот:

Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.