Google веб-фонтови верзија 2

Google Web Fonts list.mk

Со новиот подем на Google веб-фонтови што го смени начинот на прикажување веб-содржина, Интернет сурфањето се повеќе и повеќе ќе отсликува типографска разноликост и убавина.

Google Web Fonts сервисот се грижи за повеќето недостатоци што ги имаме во прикажување текст при создавањето на една веб-страна. На пример слободно користење на библиотеката со фонтови без грижи за лиценците. Брзина и стабилност во прикажување на алтернативниот фонт. Своевремено и тековно ажурирање на фонтот со дополнителните букви потребни за проширување на јазикот или синтаксата што ја бара Интернет сцената. Иновативни начини за избор на фонт со сервис за интерактивно прегледување и тестирање.

Неколку значајни сегменти ќе покријат Google Web Fonts во прикажување веб-содржина на Интернет:

  1. Повеќе фонтови на располагање
  2. Развој на технологиите за прикажување фонтови
  3. Независно од местото на хостирање на веб-страната

Во моментов библиотеката располага со скоро 200 фонтови (фамилии) поткрепено со Твитер профил каде се објавуваат информации за новите фонтови и тековните одржувања. Интересно е што над 50 фонт-дизајнери низ светот ја збогатуваат библиотека со нови и прекрасни фонтови оптимизирани за прикажување на дигитален екран и бројот на таквите ентузијасти се зголемува. Сите овие дизајнери ги објавуваат своите фонтови под Open Font License што е доказ дека производот не смее да се ограничува и присвојува затоа што така се губи неговата вистинска вредност. Ова докажува дека сите ние заедно кога сме сложни и отоворени за тоа што го создаваме си го наоѓаме правото место на планетава: Од нас за нас, за сите!

Google Web Fonts v1

Користење на Google Web Fonts v2

Google Web Fonts v2

Интерфејсот е составен со лева колона исполнета со филтри за прикажување на избраните фонтови што се прикажуваат во десната колона што е со 80% зафатнина од екранот. Во горниот дел има можност за впишување на сопствен текст што веднаш се прикажува во листата од избрани фонтови како и менување на приказот од листа во мрежа и слично. Освен тоа постојат и опциите за создавање на колекција што сме ја избрале како потесен избор.

Google Web Fonts v2 Collection

Во преглед за споредба на избраните фонтови имаме можност за манипулација на приказот, дали сакаме наслов или параграф, да го тргнеме тој фонт што не ни се допаѓа и слични маневри за полесен избор на посакуваниот фонт.

Овие промени се многу благодарни особено во одлепувањето од сигурните веб-фонтови што досега ни го ограничуваа дизајнот во поглед на типографијата.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.