GNOME 3 делува спокојно

Gnome 3 list.mk

Официјалната верзија GNOME 3 почна да ги полни содржините на Интернет со прегледи и пофалби особено во пакет со лансирањето на Fedora 15.

Многу контраверзии се насобраа за приказната GNOME Shell против Unity Shell благодарение на Canonical кои одлучија да го користат Unity Shell интерфејсот во новата верзија на Ubuntu 11.04. Сепак, разликата е очигледна и корисничкото искуство уште поинтересно.

GNOME 3 Aplikacii

GNOME 3 alikacii detalno

GNOME 3 Aplikacii prebaruvaj

Заедницата што го развива GNOME 3 направија голем исчекор напред, особено по тешкото разделување од GNOME 2, промена на старата верзија што имаше многу долг животен век. Денес тие техники за користење оперативен систем се застарени. Со подемот на мали преносни и табла компјутери развојот наметнува малку видоизменето користење на оперативен систем. Факторот сега е оперативен систем што треба да изгледа елегантно поткрепено со „визуелна претстава” и нови функционалности конзистентни низ сите уреди без разлика на нивната големина или перформанси.

Грижа за детаљи

GNOME 3 Nautilus

GNOME 3 Nautilus Detalno

Најинтересна е замената на minimize/maximize пристапот до работната површина со примената на копчето Activities за активните апликации или евентуално новите што сакаме да ги активираме. Тоа радикално го измени пристапот на подобро од застарениот Windows UI стил за оперативен систем што конечно почнавме да го избегнуваме – амин. Сега за истите функции само ги влечиме и лепиме прозорците кон рабовите на работната површина и имаме само еден X за исклучување на активната апликација.

GNOME 3 only quit

Новата технологија што ја користи GNOME 3 за интеракција е GNOME Shell + Mutter. Со исфрлање на стариот gnome-panel и воведување на CSS и JavaScript технологија вградена за полесно корисничко искуство oсвен што дава сурфачки-веб ефект низ податоците/апликациите што ги имаме локално на компјутер, овозможува и мала хардверска искористеност што го прави погоден за разноликоста на модерните којмпутерски уреди. Тоа значи дека сите компоненти во GNOME Shell овозможуваат комплетно визуелно уредување.

GNOME 3 Windows

Патеките за CSS и JS од темата на GNOME Shell:

  • CSS е лоциран во /usr/share/gnome-shell/theme/gnome-shell.css
  • JS за UI е лоциран во /usr/share/gnome-shell/js/ui/

GNOME 3 CSS Path

Новиот фонт „Humanist sans-serif” чија слободна верзија е „Cantarell” е навистина за фалење и делува фантастично. Од поодамна може да го најдете фонтот на Google web fonts. За тестирање на оваа работна околина GNU/Linux оперативниот систем топло препорачувам Fedora 15, Live верзија е доволно за да ве освои :).

GNOME 3 Reginal Settings

Постот е изработен комплетно и единствено со користење слободен софтвер технологија: Firefox, Gimp и Fedora 15. :).

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

2 Коментари

  1. Доста добар графички интерфејс, да видиме што не чека понатака 😉

  2. […] хоризонтите во можностите за работа со датотеки и на други платформи . Но тоа не е сè, постои и опцијата за поделба на два […]