Генерирање на случајна лозинка

Генерирање на случајан лозинка

Сите ние честопати сме сретнале веб-страни што при регистрација ни овозможуваат можност да си генерираме случајна лозинка (односно random password). Поголем дел од посетителите на администраторските уредувања најчесто користат cPanel и оваа опција таму се среќава најчесто. Доколку имате потреба да додадете сопствена опција за генерирање на случајна лозинка на вашиот блог/интернет страна или само ве интересира како се прави такво нешто, повелете и разгледајте го туторијалот што следи.

Овој пост е позајмен од pelaphptutorials.com: Generating Random Passwords.

<?php
 function generiraj_lozinka($broj_karakteri)
{

        $lozinka = ''; // Променлива за лозинката
        $dozvoleni_karakteri = 'abcdefghijklmnopqrstuvwxyz1234567890';
        // Стринг со дозволени карактери
        // најверојатно на овој стринг би сакале да ги додадете
        // и големите букви и некои специјални карактери

        // Се сидува генераторот
        srand(((int)((double)microtime()*1000003)) );

        for ($i = 0; $i <= $broj_karakteri; $i++)
        {
            $slucaen_broj = rand(0, (strlen($dozvoleni_karakteri) -1));
            // Се генерира случаен број
            $lozinka .= $dozvoleni_karakteri[$slucaen_broj] ;
            // Се „претвора“ случајниот број во случаен карактер
        }

        return $lozinka; // Се враќа генерираната лозинка

}
?>

Кога би сакале оваа фунција да ја имплементираме некаде, се што треба да направиме е

$broj_karakteri = 6; // Ставете соодветна вредност за вашите портеби
$lozinka = generiraj_lozinka($broj_karakteri)

Напомена: Доколку ја имплементирате оваа функција и додадете опција корисникот сам да избира должина на лозинката, потребно е да се провери дали параметарот $broj_karakteri е нумерички, дали е позитивен и дали воопшто има нешто внесено.

gravatar
Автор: Стојковски Дарко
За авторот: Обожавам PHP али мразам CSS | се нервирам кога ќе испомешам колони и редови | слушам рок | немам Facebook имам Twitter | Моментално чекам да дојде 3 и 4 јули.

3 Коментари

  1. Следниот пат напиши од каде си ја украл функцијата http://0.mk/3b19 не се прави Каубоец постави еден линк

  2. sho ke ti e srand vo kodon more

  3. Other possible way to generate random password.

     
    function rand_password($length = 6) 
    { 
    	$min = 48; 
    	$max = 122; 
    	if($length &gt; 0) 
    	{ 
    		$rand = null; 
    		for ($i = 0; $i &lt; $length; ++$i) 
    		{ 
    			$rand .= chr(mt_rand($min, $max)); 
    		} 
    		return $rand; // return generated pass 
    	} 
    	return false; 
    }