Фотографии од снимањето на Котон Клуб

Со почетокот на втората сезона на емисијата Котон клуб која се прикажува на Алфа Телевизија преку понеделник во 23:30 часот, случајно ми се пружи шанса да гостувам на едно такво снимање и тоа на првите епизоди. Со оглед на фактот дека амбиентот и сценографијата на емисијата се прилично креативни и делуваат како Џез-Блуз паб во кој се собираат врвни музичари од нашава Македонија и пошироко, би сакал да го споделам тоа инспиративно чуство преку неколку фотографии, а се надевам дека тоа кај вас ќе предизвика креативни вибрации.

Музичките групи што ги гледаме низ фотографиите се Тумбал Салса Бенд во која членува и водителот Петар Ренџов, а како гости се Филип Стевановски Квартет каде што носечки гостин е Маја Капсарова (бас гитара и вокали).

kotonKlub_1

kotonKlub_2

kotonKlub_3

kotonKlub_4

kotonKlub_5

kotonKlub_6

kotonKlub_7

kotonKlub_8

kotonKlub_9

kotonKlub_10

kotonKlub_11

kotonKlub_12

kotonKlub_13

kotonKlub_14

kotonKlub_15

Се надевам дека во иднина ќе имаме повеќе вакви емисии посветени на вистински музичари-уметници.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

2 Коментари

  1. Ванчо Орданоски 3 Oct, 2010 во 11:31

    Нема поголеми фотографии! Инаку, одлично фатена атмосфера.

    P.S. Маја Капсарова? Explain! 🙂

  2. @Ванчо Орданоски фотографиите се мали дека се наменети за блогот, ако сакаш може да ти пратиме поголеми верзии, а Маја Капсарова е млада музичарка студент на Музичка Академија 3-та година и најчесто има свирки во Њу Орлеанс (Капан Ан) повели преслушај ги многу добро свират 🙂