Доделуваме 2 Dribbble покани за дизајнери и креативци

2-invitations-for-dribble-naslovna

Dribbble е покажи што знаеш, и кажи што мислиш за дизајнери. Членовите на Dribbble споделуваат сликички со димензии 400x300px од дизајни и апликации на кои работат. На сите членови им е овозможено да коментираат на постовите и на тој начин да разменуваат мислења и искуства.

Заедницата Dribbble е од прилично затворен тип и член се станува само со добивање на покана од веќе постоечки членови. Повеќе за dribble прочитајте во одличниот пост на @danijanev

2-invitations-for-dribble-copy

Покани за делење

Добрата вест е што и јас добив 2 покани, и решив да ги доделам со помош на порталот list.mk
Сметам дека е најфер да направиме мало „такмичење“ и на крајот најдобрите двајца дизајнери/девелопери ќе ги добијат поканите.

Доколку сакате и вие да бидете дел од Dribbble мрежата сè што треба да направите е:

  1. Оставете коментар на овој пост со линк до вашите дизајнерски трудови спремни за Dribbble (подготвени во резолуција 400×300 px)
  2. Ако сакате следете ме на twitter, или пратете ми порака со линк до вашите трудови. На twitter ќе ги објавам и добитниците на поканите за dribbble.

Испраќајте ми предлози до 2 декември. Победниците ќе ги поканам на Dribbble најдоцна до 4. Декември.

Како изгледа мојот профил на Dribbble погледнете тука: www.dribbble.com/banekoma. Ако ви се допаѓа следете ме :).

For English-speaking population, Dribbble Invitations Giveaway

I received two invitations for Dribbble to recommend and invite two new designers. In order to make the right decision, I create a small “contest” on which you show me your works you plan to be uploaded on Dribbble. The two best candidates I decide upon will receive the invitation to Dribbble.

The conditions are:

  1. Make a comment on the post saying why you want to be a part of Dribbble. Include a link to your works made in 400 x 300 px shots to show what you would be posting on Dribbble;
  2. You may follow me on twitter @banekoma, and send me message with your works, also I’ll announce the winner on twitter.

The contest will be open from November 23th to December 2nd. I’ll invite the winners on December 4nd.

My Dribbble profile: www.dribbble.com/banekoma. If you like it follow me…

gravatar
Автор: Небојша Гелевски
За авторот: Графички дизајнер и фонт манијак повеќе...

9 Коментари

  1. Јас сум Маја Војноска.
    Околу една декада се занимавам со веб дизајн а во последните две години работам како User Interface Designer.
    Повеќе за мене на http://0.mk/GeekOfTheWeek .

    Дел од мојата работа можете да погледнете, на некој од профилите кои се трудам редовно да ги обновувам.
    http://0.mk/Behance
    http://0.mk/Deviant

    Браво за идејата на овој начин да поделите две покани.
    Се пријавувам со 400×300 кадар на мобилна апликација за Андроид платформата. http://0.mk/Dribbble

    Мојот профил на Dribbble е http://www.dribbble.com/MajaVojnoska

  2. Драг администраторе,

    Непосредно по исраќањето на мојот коментар за учеството на овој прекрасен избор, добив покана од друг член на Dribbble заедницата.
    Правилно би било мојот коментар да биде избришан (дисквилификуван од изборот), со цел некој друг да добие можност да биде дел од оваа прекрасна заедница.

    Поздрав,
    Маја Војноска

  3. Баш ми е драго Маја… :П) сеуште важат двете покани… ајде навалете…

  4. @Maja > Баш убаво! Нека расте заедницата на дизајнери од Македонија! Се надеваме дека до 4-ти декември ќе порасне за уште 2 🙂

  5. Ви благодарам на двајцата.

  6. Hello Bane, my name is Josua and I’m a designer from Indonesia. Btw, great site you have here! I like your sense of design as well. 😀

    I have followed you on Twitter and Dribbble (mine is @patsyleonardid).

    You can see my portfolio here: http://josua.in/portfolio
    in case it’s not working, here’s the alternative: http://patsyleonard.carbonmade.com
    The latest one is in progress placed on top. 🙂

    But since you suggest to send a link to picture, here’s mine:
    http://i286.photobucket.com/albums/ll119/grenseal_gravity/workportfolio/pl_inside_preview.jpg

    It is a design for our current website.

    Really hope I could get that one invitation to dribbble. Cause I’ve tried looking everywhere and asking everyone but still got nothing so I know how precious it is to have one invitation. I’m looking forward to grow up in the community.

    Here’s my dribbble account: http://dribbble.com/patsyleonard

    I will make you proud. Good luck to you Bane! 🙂

  7. Хелоу,

    еве ме, спремен: http://0.mk/draftme

    🙂

  8. Поканите ги добија Даниел Брзанов (@delicon) и Коста Стаматовски (@stamatovski)

    Ви благодариме на сите за учеството.

    Invites for @dribbble goes to Daniel Brzanov (@delicon) and Kosta Stamatovski (@stamatovski)

    Thank you all for your participation.

    Their new home pages 🙂
    http://dribbble.com/delicon
    http://dribbble.com/stamatovski

  9. Ти благодарам многу и на тебе и на list.mk! Се надевам ќе го „оправдам“ draft-от. 🙂