Донирај облека, сега!

doniraj-obleka11juni

Ве инспирира зборот колективна моќ? Да, ние заедно ја имаме таа моќ, имаме моќ да исполниме нечија потреба, моќ да ја подигнеме свеста кај останатите! На 11 Јуни имате шанса да станете дел од заедницата на волонтери на Црвен Крст и да се здобиете со оваа моќ!

11 Јуни сабота, плоштадот во Скопје, 12:00ч

Во соработка со Црвен Крст на град Скопје, по втор пат организираме кампања за донирање на облека која ќе се одвива во Скопје на 11 Јуни! Ги поттикнуваме членовите на нашата веб страна да превземат иницијатива и да разгледаат во својот гардеробер за да пронајдат парчиња облека кои би сакале да ги донираат!

doniraj-obleka11juni

До сега наоѓавме оправдување дека немаме време да направиме вакво добро дело, и ветувавме дека наското ќе бидеме хумани…но, повеќе немаме оправдување. Со оваа кампања одредивме датум на кој Вие ќе треба да резервирате малку време. На овој датум ќе се разбудите и ќе кажете – Денес ќе бидам хуман! Ние ќе ве чекаме на плоштадот во центарот на Скопје за да ја примиме облеката, да ви се заблагодариме во име на оние кои ќе и се радуваат и секако да се сликаме за да им покажеме на оние што ќе го пропуштат овој настан!

Првата кампања која беше организирана на 11 Декември 2010 резултираше со успех кој се надеваме дека ќе го дуплираме овој пат! Доколку сакате можете да ги погледнете фотографиите од настанот тука!

Што треба да направите?

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

1 коментар

  1. Ако секој од нас направи по малку, сите заедно ќе направиме многу!