Домашна веб-збирка, сесија јули-август 2010

Juli Avgust 2010

Баш ми е драго што можеме почесто да правиме вакви веб-збирки се со цел да го прикажеме тоа што вреди да се посетува на нашиот интернет универзум. Собрав десетина прилично нови интернет страни од кои може и да се научи по нешто.

tiket.mk

tiket.mk

Една од последните интернет страни што летово го збогати интернет искуството кај нас со место за инфмормирање на нашите спортски обложувачи. Интернет страната содржи убав распоред и лесен кориснички интерфејс, но сметам дека малку претерале со сенки и ефекти.
Посетителите на Tiket.mk може да откријат како се движат статистиките околу победите/поразите на тимот за кој ќе го стават нивниот билет како и сугестии за како да се обложуваат. Битен момент се и резултатите во живо што се самоажурираат кога има некакви промени во натпреварите што се во тек.

tiptopstudio.com.mk

tiptopstudio

Потписниците позади tiket.mk се tiptopstudio.com.mk и фино ме изненадија со дизајнот на нивната презентациска интернет страна.

teknuvalo.mk

teknuvalo

Македонска верзија на stackoverflow.com каде што повеќето македонски програмери можат да соработуваат со нивните колеги преку прашања и интераквтивна соработка. Знам дека повеќето веќе го осудија овој интернет сервис како лоша копија на stackoverflow.com, но треба на вакви сервиси да се гледа како креатори на заедница и место каде што може локалните проблеми да се разјаснуваат. List.mk ги поздравува ваквите проекти и само напред.

kafepauza.mk

kafepauza

Еден од последните забавно информативни портали каде што темата повеќе се однесува за информативни вести и тематски истражувања за разлика од порталите како tocka.com, zazabava.com и слични трач-врач портали.

popravi.mk

popravi

Конструктивен проект што го треба да ја прошири ограничената свест кај нашите локални управувачи со што би се подобрила патната инфраструктура и нивото на квалитет на живот кај луѓето. Сега за сега и еден градоначалник да ја посети интернет страната целта има потенцијал да се оствари и на национално ниво. Само напред…

beaftt.com.mk

beaftt

Во рамките на Балканскиот фестивал за деца и млади ,,Арт Амфора“, кој се одржа во Банско (Р. Бугарија) се изродила една иницијатива за формирање на една БАЛКАНСКО–ЕВРОАЗИСКА АКАДЕМИЈА НА ФИЛМСКИТЕ И ТЕЛЕВИЗИСКИ ТВОРЦИ. Оваа интернет страна го претставува македонскиот дел од таа приказната.

architect.mk

arhitekt

statusenterieri.mk

status

napumpajse.com

napumpajse.com

pisi.com.mk

pisi

Да ве потсетам дека може слободно да предлагате ваши проекти или интернет страни на коментарите во постовите каде што се изложени веб-збирките или пратете на send [@] list.mk линкови од тазе проекти (после јули оваа година). На тој начин ќе може полесно да се запознаеме со вашата интернет страна и ќе помогнеме во нејзино промовирање.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

2 Коментари

  1. Имам интернет пакет од Косово и кога се обидов да пристапам до првиот сајт ми се појави следново како на сликава: http://pic.mk/?v=tiketfail.png

    Изгледа има рестрикции кон одредени провајдери или IP адреси.

  2. Најпрво просурфајте ги страните па предложете ги…никој нема да го земе вашето мислење за сериозно кога ќе ја отвори на пр. http://www.popravi.mk

    Зошто? Одговорот подолу, кога веќе самите го немате увидено!

    Мој коментар постиран на http://www.popravi.mk

    "Јас сакам да пријавам проблем на странава со фонтот. Сменети си font-family од Ariel, Helvetica, sans-serif во font-family:Arial, Helvetica, sans-serif; BTW текстот е вака набутан зошто неможам да направам нов параграф пристискајќи наједноставно ENTER…Друга работа, Captcha-та ви е со Helvetica па кога некој ќе се нафати да ви испрати порака нема да може да се снајде со внесување на точните карактери во Captcha полето…Helvetica e фонт наменет за корисниците на Apple OS…лошо…многу лошо! "