Домаќински разговор со Тхе Мичо

the-micho

Ја започнуваме оваа година на list.mk со нашиот добро познат дигитален уметник Тхе Мичо, познат по своите креативни дела во Петко, разни видео игри, цртани филмови и стрип заедницата.

Мичо има многу успешна цртачка кариера за нашите простори, особено фактот што е глобално прифатен и навистина се чуствуваме горди на такви креативни дигитални уметници.

Може да ни раскажеш нешто за себе и како ти се доживуваш себе си во тоа што го работиш?

Здраво-се викам Михајло Димитриевски, а се потпишвам со Тхе Мичо. 38 годишен илустратор од Битола. Се доживувам ко мрза која во игра на случајности знај тро за тро да црта и ете некако преживувам од то. Шознам како се доживувам…ко водоинсталатер. Како да се доживејам. Немом нешто херојско да напрам за да се прославам 🙂 така да цртам херои :). Голем сум и имам брада шо не ја бричам заради то шо Хобит 3 беше преглуп, а рекоф ке се избричам после него. Сo оглед на фактот дека ќерка ми ме знај само со брада а син ми не ме пушта да се бричам забраден сум добро. На некој му личам на викинг (тие шо се прозападно оријентирани) на некој на комита (овие руралниве нашите), а уствари од немукает ја растам. И цртам во меѓувреме. И собирам стрипој и играчки.

Како би ја опишал твојата работа, и во која индустрија ја пласираш најмногу?

Мојата работа е цртање т.е пробвам да му визуелно доловам некоја тема од интерес на некој шо е помалку креативен во то фантазијата. Значи помагам при опишвање на теми преку слика :). Пошто нормално се работи за дејност која по логика би требало да ги прај лугето среќни-моментално би се сместил во делот забавна индустрија.

Пред да станеш дигитален уметник сигурно си истражувал и други форми на уметност, која дисциплина ти беше прва?

То со дигитален и недигитален уметник не знам оти уште се пласира-компјутеро е алат-како моливот. Ако си труп во цртање со молив, ќе бидиш труп и во цртање со компјутер. Не помага тука технологија. Можи да го забрза процесот-можи да фатиш некоја кривина ама основите се исти. Така да ил си уметник ил неси…:). Пробаф еднаш да свирам на армоника….млада партизанка, ода на младоста, златиборе. Без басој. Не ме биваше ич и се префрлив на втората дејност шо не ме бива-цртањево. Мајтапо настрана цртам од мал-секогаш то ме интересирало-и среќа шо работам то оти за ништо друго апсолутно не ме бива. Ама скрос. Фудбал-труп. Коли-труп. Ама можам да ги нацртам :). Нормално пред примената на компјутерот работев мануелно-т.е хартија, молив, туш и то е можи една од поубајте придобивки на то време-можевне да го осетиме и тој аспект на уметноста-валкањето-со ова компјутерите неможиш да се извалкаш чоечки.Инаку полчнав како стрип цртач-шо во моментов оправдано го занемарив- и се надевам дека некогаш ке му се навратам.

Каква опрема и софтверски алатки користиш за цртање и работа воопшто?

Во моментов работам на компјутер за кој апсолутно не сум сигурен шо конфигурација е, знам дека е 4-5 години стар…. скап беше… користам два монитори, еден за сурфанје и филмој и референци, а другијот за работа (cintiq wx12). Работам 100% во фотошоп 7 (старијо од пред 10 години). Други програми за цртање немам пошто стариов ми брка работа така да негледам причина да менвам. Четки метки и слично сам си прам так да и тука немам баш проблем.Др работи не го менвам. За резерва и патување имам ушеден таблет т.е Cintiq companion 1. Во фиоките имам и еден куп табли од но нејм брендој до Wacom graphire и bamboo. Cintiqot е измислен за мојава работа.

Што те мотивира тебе како уметник и каде наоѓаш најчесто инспирација?

Како шо кажав погоре само за ова ме колку толку бива. Мотивација и инспирација-види сеа вака одоколу ко ке загледаш то е. Не живејме баш во некое сјајно време во периодов и можи да се речи дека тро ова работа е ко бежање од реалноста барем на некој сат. Јас цртам чудовишта шо ке те забават и ке одмориш тро. Шо е далеку поубо од то шо ни се случва во моментов. Одсекогаш сум сакал митолошки и СајФај теми (пошто не го живејме тој дел ние) така да ваљда и од таму иди се. Значи Стар Вoрс, Лорд оф д Рингс, Гејм оф тронс итн…то е то.

Сподели некоја приказна за некоја од најзначајните теми на кои си работел до сега?

Абе сеа сите проекти помалку или повеќе ми се мене значајни или ко шо викам на секое-деца ми се не можам да одберам некоја поконкретно-ама ете последно шо ми напрај ќеиф беше работата на Гејм оф тронс играта за Fantasy Flight Games (лиценциран изработувач на бордгејмови на тема гејм оф тронс, стар ворс, лорд оф д рингс итн) заедно со еден од најпознатите автори на игри Bruno Cathala. Убајо момент во цел муабет е шо јас претходно ги изработив цртежите (околу 500 карактери) како фан на серијалот. Не знам како то привлече многу внимание и фаној низ светов и лани луѓево од фирмата се јавија со понуда да ги откупат ликојте. Т.е. ги изнајмија одмене. Така да од заебанција или фанарт шо би се реколо-цртежите испаднајa официјални во ГОТ светот. Зато стално му кажвам на помалите да работат и дека ништо не е залудно-дали за ука, дали за занает, шо и да напрајте некогаш ке ви се најди.

Колку во Македонија си ангажиран споредено со странските клиенти?

1%. То е. Шо да речам. Пазар имаме практично никаков. Некој статус каков таков не ти есапат баш тука. За пари шо ке збораме. Моментално сум арт директор во студиото за анимација Lynx Animation Studios во Скопје и во глобала то е скоро се шо работам за кај нас. Има инцидентни соработки-ама ништо така понафатно или поголемо во моментов (дечките шо работиме игри – Cavern Taver, нив ги рачунам во светски бренд така да не ги клавам тука :)). Се друго е за сорос т.е странси фирми. ЈЕбига.Живот.

Придобивки од фриленс ангажманот и ефектот врз твојата креативност?

Можиш да сериш кога сакаш…и да јадиш (не мора истовремено). Убо е шо си сам свој газда. Сам кажваш, сам прајш, сам уживаш, сам патиш. Финансиски можи да ти се исплати 100 пати поке од државно – ама и 100 пати поке е несигурно. Е сега во одреден период од живото мора да седниш и да решиш шо ќе прајши да си живејш со то. Кај нас општо е наметнато она „ој си државно куро те боли“ и зато сме на ова дереџе. Од друга страна можиш малку послободно да дишиш и да не си врзан со никој (освен шознам книшка ако немаш) и барем то колку толку тро олабава. Кo ке прајш нешто сам не му борчиш на никој, освен на фамилијата шо те трпи и подржва. Убо е фриленс посебно во креативниве дејности… Мојш шо би рекле набалкун да излезиш и да се издериш.

Порака за младите дигитални уметници и совети за начинот на кој може да се вмрежат и запознаат со ваквиот вид на работа?

Абе тро клише е ама една е пораката – само работа. Кое вмрежвање кој бакрачи. Ако нема шо да покажиш со шо ќе се вмрежиш? Со слики од на одмор? Работа. Упорност. И најбитно според мене – да си ок чоек – ако си шупак никој нема да те сака. Поарно би работел со 3 класен ок чоек – одколку со првокласен шупак. Техологијата е тука за да се олесни животот или барем забрза работата така да користете ја во рамките на можностите. Фејсбук, твитер и слично – се е мост да стигните до потенцијалниот клиент – или барем некој шо ќе ви ги бендиса работите.

Во продолжение погледнете дел од работата на Тхе Мичо и уживајте во тоа што има да ни го презентира:

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.