Дизајн на програми за таблет-компјутери и паметни телефони

apps-mobile-tablet

Во овој жежок развој на паметните мобилни телефони и таблет-компјутери што се базирани на екран-допир, го форсираат забрзувањето во креирање на софтверски апликации и игри за истите уреди во прилично жежок натпревар.

Не дека тоа е нешто ново, но кога веќе се случува насекаде околу нас треба малку да размислиме, „ние дизајнерите“ како може да ги заштитиме „корисниците“ од лоши интерфејс решенија и изглед на „скара=грил – светлечка реклама“ со големи букви што го опфаќаат целиот екран на уредот за полесно да се чита, a не за друго!? Сепак едноставно некои програмери треба да сватат дека освен нивната репутација за добро сработено дело сега „крвавите“ клиенти се условени од стандардите за убавина што ги постави iPhone и iPad, a Android базираните уреди не им останува ништо друго туку да следат мода. Ако тргнеме по логиката дека во основа судиме по изгледот, тогаш изгледот мора да изгледа топ ако воопшто сакате да конкурирате на еден iPhone или iPad маркет за софтверски алатки. Првото нешто од каде почнува приказната е сликичката (иконка) што ја претставува таа софтверска алатка и првиот контакт со корисникот од каде што се појавува и љубовта на прв поглед. Ако ова основно репрезентативно тело не е визуелно спакувано како што треба потенцијалот за користење на апликацијата е прилично намален и го намалува уау ефектот кај корисникот уште од самиот старт во користливоста на програмата.

iphone-market

iPhone App Store и колку грижа се води за изгледот на сликичките/иконките што ја претставуваат програмата.

Едноставноста е елеганција

Изгледот го краси едноставноста. Колку e понамрсено толку e попретерано! Но има една многу важна заблуда што лебди тука. Не се работи за тоа дека само изгледот треба да биде едноставен, туку корисничкиот чин на апликацијата треба да е едноставен. Едноставноста потекнува од корисничкиот интерфејс на апликацијата со што убавината ја дополнува изгледот и грижата за детаљите. Никогаш не претпоставувајте дека корисникот ја користел апликацијата сто пати по реторика од сопствена перспектива. Секогаш се согледува користењето од прв пат и што прво ни раскажува преку визуелна комуникација тоа софтверско решение. Тоа скалило од тука потекнува и се надоградува во останатите елементи од сложувалката за вредноста и едноставноста истовремено, така иксуството се развива и постои во користењето на тоа софтверско решение во подоцнежна напредна реторика.

iPad App Market

Слика што блика 🙂iPad App Store

Kомуникација со корисникот

Ако веќе воведувате „rate us“ интеракција тогаш ставете го (на пример) да се појави прашалникот веднаш по исклучување на апликацијата, но внимавајте, ефектот на задоволство да биде принципиелен се до крајот на користењето на апликацијата. Многу битна работа! Сличен ефект може да се постигне со PR кампањи, интернет маркетинг како и презентирање во јавност на самата софтверска алатка и севкупно кревање галама околу тоа и како бонус може да добиете место во Препорачаните од Apple каде што во голем дел успехот е загарантиран. Само Apple имаат навика и да се замешаат во некои подобрувања на изгледот и интеракцијата кај вашата софтверска алатка. Но за да го скокнете тој пат програмата треба да биде беспрекорно дотерана и да изгледа „жешко“.
Еден важен податок е цената на самиот производ. Има таква поделба тука со тоа што двете струи се во голем натпревар. На пример, од една страна имаме такви што се натпреваруваат во изложеност и преземања, додека други што гледаат дуректно да профитираат со продажна цена. Но на решенијата како FarmVille може да им се честита затоа што ја пуштаат играта бесплатно додека корисникот се навлече и потоа наплаќаат за кратење на „маките“ од чекање 24 часа пченката да никне.

Android Market

На Android Market конкуренцијата му наметнува квалитетна визуелна комуникација.

Соодветни решенија

Во моментов мобилните уреди и таблет уредите се прилично ограничени во нивната палета на користење, иако таа амплитуда сликовито се зголемува. Во најголем процент се користат на јавни места, во движење, на постројки и метроа, возови и автобуси итн. Не може така лесно да се занемари и фактот на ограниченоста од хардверски можности на уредот, без-жичната (тапа) интернет конекција што повлекува користење на сериозно оптимизирана графика и минимален пренос на податоци преку Интернет. Сите овие сегменти треба да се разгледаат особено поради вредноста на тоа што го создавате во очите на корисник.
Секоја работа со себе си носи свои фактори што повлекуваат соодветна одлука! Иако секој пример е оригинален сам за себе, во заедничката средина на опстанување многу е веројатно дека ќе се повтори како проблем или решение во минимум 30% – 40% од случаите. Тоа е неизбежно и така остава простор за поретките случаи во кои сами си носиме одлуки според бараниот проект.

Понатаму…

Но доколку веќе постојат некои природни вредности што треба да ги применуваме за средината што ја создаваме, со цел да биде похармонична тогаш ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ! Доколку ги тргнеме настрана и се грижиме само колку да си ја завршиме работата ќе преовладува антиперфектната слика на „скара-грил“ табли за кои сами сме си криви со тоа што сме скршнале настрана во нашето творење и сме оставиле простор тоа да го одредува критериумот.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

1 коментар

  1. […] GNU/Linux оперативни системи од каде се појавија Android OS паметните телефни и новата SteamOS слободна платформа за играње […]