Diaspora, нова социјална мрежа во сенка

За Diaspora имав слушнато одамна, уште пред целата фама со Google+. Проблемот беше што и тогаш и сега таа сеуште е во „алфа фаза“ што значи дека не е поминат првиот чекор за тестирање на системот.

Денеска добив покана од еден пријател да се зачленам и да видам како е? Бев среќен да тестирам нешто ново од овој тип, покрај целиот бум со социјалниве мрежи.

Генерално можам да кажам дека Diaspora е иста како Facebook и Google+. Начинот на којшто функционира е тотално идентичен, но има ставено акценти на неколку различни детали со што би се разликувала од другите.

Тоа што ја прави Diaspora поразлична од другите е чистиот интерфејс, простите контроли за користење и секако се разбира, луѓето. Овде нема да најдете девојки во бикини! Барем сега за сега јас така мислам.

Со оглед на целата трка со социјални мрежи на Интернет и натпреварот помеѓу големите компании за тоа кој да земе поголем дел од питата. Мислам дека Diaspora и не би имала некакви шанси со оглед на тоа дека сеуште е во алфа фаза на тестирање. Можеби би успеала доколку се активираше пред Google+ и направеше добра промоција, но сепак тимот којшто работи на овој проект е мал и сега за сега толку можете да очекуваме од него.

Се надевам дека во блиска иднина ќе премине во бета фаза и повеќе корисници би можеле да се приклучат кон овој проект, па би уживале во алтернативната социјална мрежа, да не кажам underground.

Доколку сакате да ви пратам покана, пратете е-пошта на: petarpetkovsky@gmail.com

gravatar
Автор:
За авторот:

1 коментар

  1. Diaspora беше стартувана како KickStarter проект (http://kck.st/dNiFTH). Тоа и донесе голема популарност уште пред да биде отпочнат проектот. Но сепак поради многуте социјални мреже кои ги има во моментот, прашање е колку ќе може да се пробие напред, со оглед на тоа што уште е во алфа фаза (скоро година дена). Се надевам дека ќе успејат во нивната цел. Поздрав