Детално за Бизнис 24 на Android OS

biznis24-android

Во тренд е зголемена присутност на софтверски производи за Android OS благодарение на домашните компании што го прошируваат своето присуство на таа платформа. Еден од тие пионери е весникот „Бизнис“ со софтверска апликација за мобилни уреди.

Оливера Томиќ е новинар во првиот дневен економски весник во Македонија „Бизнис“ и уредник на неговото електронско издание – biznis24.

Весникот „Бизнис“ пред некој ден се појави официјално со софтверска верзија наменета за мобилните телефони што користат Android OS и е прв весник во Македонија со ваква апликација. Каква функција има таа мобилна апликација и каков придонес ќе има тоа за весникот?

Апликацијата овозможува содржините од весникот да ги читате на вашиот мобилен телефон. Тоа е многу поедноставен начин, во споредба со внесување на веб-адресата преку Интернет прелистувачот што го користите. Откако еднаш ќе ја инсталирате, веќе сте на еден клик до потребните информации. Идејата е да бидеме колку е можно подостапни и поблиску до читателите. Факт е дека нашите читатели се претежно луѓе од бизнис-сферата, кои имаат потреба да бидат информирани за најновите случувања од овој сектор, а немаат доволно време за традиционалните медуими. Со апликацијата за мобилен телефон, буквално го носат својот „Бизнис“ со себе.

QR KOD Biznis Android

QR KOD – Бизнис 24

Дали стратегијата е поврзана со бизнис-моделот на весникот или само проширување на медиумска застапеност?

Мотото на „Бизнис“ е „Ваш партнер во успехот“ и наша цел е да им помогнеме на македонските бизнисмени колку можеме повеќе и да го олесниме нивното работење. Со апликацијата за „Aндроид“ тие добија уште една алатка или мини партнер за успешно водење на бизнисот. Нашата стратегија е предводена од идејата која веќе ја споменав. Секако, голема улога во тоа има и високата технологија која динамично се развива. Како медиум сме обврзани да ја следиме и да бидеме во тек со неа. Читателите и корисниците го бараат тоа. Новите трендови го бараат тоа. Конкуренцијата не принудува на тоа.

Кој го изработи софтверот?

Софтверот го изработи домашната компанија Codewell. Сигурно веќе сте запознаени со нивниот успех на Europe start up weekend battle, каде го освоија првото место за нивната апликација за Android OS – TraWell.

Како според вас ќе се развиваат во иднина весниците во Македонија во обид да бидат во чекор со технологиите?

Се разбира дека иднината е во новите модерни медиуми. Тие се ин, лесни за користење, брзи, најчесто бесплатни и достапни. Тоа е огромна предност. Но треба да се има на ум дека пред сè се кратки, нецелосни и често се става под прашалник нивната веродостојност. Од друга страна, ако се земе предвид примарната функција на традционалните печатени медиуми, тогаш сметам дека тие ја имаат водечката улога во општеството. Нивната задача не е само да информираат, туку да проследат одреден проблем до крај и да анализираат. Новите медуми, пред се Интернет не го дозволува тоа. „Сајбер“ ???? просторот е преполн со информации, a тоа ги прави читателите понестрпливи и им создава одбивност кон долги текстови. Никој веќе не сака да чита текст подолг од еден „скрол“ со глувчето. Според тоа, иднината на технолошкиот развој на медиумите се крие во златната средина, која е микс од традиционалното и моредното. Сметам дека со весникот, порталот и мобилната апликација ја направивме вистинската комбинација.

biznis24-android

biznis24-android-berzant

biznis24-android-naslovna

biznis24-android-stil

gravatar
Автор: Интервју
За авторот: Споделување на идеи и корисни искуства од нашите гости. Информацијата е најдобра кога е од прва рака и тогаш најефективно ги буди креативните вибрации на нашиот УМ.

3 Коментари

  1. Bash pioneri vo Biznis-ot!!! Samo napred!

  2. Катастрофален UI. Целата апликација е направена за 15 мин.

  3. Da aplikacijata imase los interfejs i bagovi. Denes mi stigna update za nova verzija vo koja e znacitelno podobreno UI – to i sega za sega ne paga, navistina e dobra.