CSS 3.0 ToolTip без jQuery и JavaScript

css3-tooltip

Едноставен CSS ToolTip што користи само HTML5 и CSS 3.0. Работи во сите модерни прелистувачи и може да се користи на кој било елемент од DOM-от.

HTML Структура

Структурата, на пример, може да биде навигацијата на самата интернет страна како што е прикажано во примерот. Прво што треба да се напише е HTML5 структурата и елементите што ќе користат дополнително облаче (ToolTop).

CSS 3.0Feel

HTML5Free

ToolTipTo use

No JavaSriptThis

CSS Структура

Прво во CSS треба да се наведат правилата за целиот DOM и стилот на основните елементи како body, h1, p, a, a:hover и a:focus.

header, section, footer, aside, nav, article, figure { display: block; }

body {
background-color: #fff;
color: #323232;
font-size: 1em;
font-family:'Lucida Grande', 'Droid Sans', sans-serif;
line-height: 1.6;
margin: 0;
padding: 0;
text-align: center;

h1 { margin:0; }

p {
color:#6181a7;
font-size:0.8em;
line-height:2;

a   {
color:#6e6e6e;
display:block;
font-family:'Lucida Grande', 'Droid Sans', sans-serif;
font-size:1em;
font-style:italic;
font-weight:normal;
padding:15px 0;
text-decoration:none;

a:hover, a:focus {
color:#fff;
background-color:#0b121f;
text-decoration:none;

ul {
margin:0;
padding:0;
list-style:none;

ul li {
-moz-box-shadow:0 1px 3px silver;
-webkit-box-shadow:0 1px 3px silver;
box-shadow:0 1px 3px silver;
float:left;
margin-bottom:30px;
position:relative;
width:25%;

header {
background:white;
height:170px;
margin:92px auto 0;
width:320px;

Кога тоа е наведено тогаш се пишуваат правилата за ToolTip облачето како што е неговата големина, бојата на текстот и визуелниот изглед. На крај се додава подкласата :after каде што се наведени правилата за стрелката на балончето.

.tooltip {
background:#252d33;
background:-webkit-gradient(linear, left top, left bottom, from(#374e5e), to(#252d33));
background:-webkit-linear-gradient(#374e5e, #252d33);
background:-moz-linear-gradient(center top, #374e5e 0%, #252d33 100%);
background:-moz-gradient(center top, #374e5e 0%, #252d33 100%);
filter: progid:DXImageTransform.Microsoft.gradient(GradientType=0,startColorstr=#374e5e,endColorstr=#252d33);
-ms-filter: "progid:DXImageTransform.Microsoft.gradient(GradientType=0,startColorstr=#374e5e, endColorstr=#252d33)";
border:1px solid #1d2a3c;
-moz-border-radius:5px; -webkit-border-radius:5px; border-radius:5px;
-moz-box-shadow:0 2px 2px #0e1b2f, 0 0 2px #475c6b inset; -webkit-box-shadow:0 2px 2px #0e1b2f, 0 0 2px #475c6b inset; box-shadow:0 2px 2px #0e1b2f, 0 0 2px #475c6b inset;
color:#fff;
opacity:0;
font-size:0.8em;
position:absolute;
padding:8px 16px;
right:0;
top:-55%;
-moz-transition: opacity 0.2s ease-in, top 0.2s ease-in;
-webkit-transition: opacity 0.2s ease-in, top 0.2s ease-in;
transition: opacity 0.2s ease-in, top 0.2s ease-in;

.tooltip.resized {
width:120px;

.tooltip:after {
border-color:#252d33 transparent transparent;
border-style:solid;
border-width:10px;
right:28px;
content:"";
position:absolute;
top:92%;

ul li:hover .tooltip {
opacity:1;
top:-90%;

За стрелката ја користев техниката на четири страна контура каде што трите бои на контурата се невидливи, а (избраната страна) е всушност стреклата, како основната боја на облачето. На тој начин се добива илузијата дека стрелката е директно продолжение од облачето.

Анимацијата е направена со користењето на правилото transition врз opacity и top позицијата. Со :hover се повикува top позицијата да се помести од пасивната позиција на облачето, а невидливоста станува opacity:1 (целосно видливо).

preview-css3-tooltip

Прегледај или преземи

Се надевам дека ви се допадна овој начин на креирање помошно облаче што може да биде комплетно напишано со HTML и CSS, нема користење на слики и целосно ќе функционира според споствен визуелен изглед.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.