Creative Commons на литературно македонски

cc-zapoznavanje

Целта на овој текст е да си помогнеме сите што мислиме или се радуваме на овие лиценци. Информациите за постоењето на овие лиценци треба да стигнат до различни уметници, креативци и најразлични организации и медиумски куќи.

Најважниот дел на овие лиценци е да се прошири палетата на покриеност и ко-креација во процесот на споделување некаква уметност, текст, градба, фотографија итн.

Сите права се резервирани

На пример, доколку како уметник сум создал музичка песна или неколку песни, колку луѓе ќе платат во трафика за да ми ја слушаат песната, радијата што го филтрираат етерот со нивната смисла за музика веројатно ретко ќе ја пуштат и ако не им фати уво ќе немам друг избор освен да ја ставам на албум. И по неколку песнички се склопиле десет за да спојам албум. Следен чекор, барам спонзори или пари од Министерство за култура и ако се присобере нешто ќе можам да спроведам квалитетен аудио запис и визелна кутија внатре со аудио диск што ќе го раздавам по луѓе, трафики или места за промоција. Супер, јас сум потпишан автор!
За да ви дозволам да ја слушате мојата музка треба да се договорам со ЗАМП, треба да ми платите права да ја слушате мојата музика било каде или купите аудио диск и на крај да дојдете на свирка каде може и ќе се видиме во живо. Што е светлото тука? Процес за авторизирање, процес за барање спонзори, процес за аудио обработка, процес за промоција и колку години ќе ми треба? Сите процеси си бараат пари, а спонзорот ќе ми биде млекара здравје радово и ќе треба да се сликам со сирење!? Ур(д)ааааа….

Веројатноста дека едвај 5000 луѓе ќе ја слушнат вашата песна и кога ќе настапувате на некоја свирка во барче може и ќе се појават 10 од нив. Резултатот е сите права се резервирани за да ја слушате мојата песна.

Некои права се резервирани

Creative Commons лиценцата е алатка што овозможува рамнотежа од традиционалната „сите права резервирани“ во „некои права резервирани“. Тоа овозможува дозвола за слушање, редистрибуција, користење на делата од други автори во нивните дела на лесен и едноставен начин. Вака разработен случајот со музиката погоре во текстот би се отвориле неколку можности. Мојата песна е обајвена под слободна редистрибуција и слушање било каде и од било кој со единствена референца до авторот.

Creative Commons license-layers

Пример: Ја објавувам песната под CC Наведи извор и доколку им се допадне на првите слушатели имаат можност да ја објават песната на својот блог или веб-простор без да бараат специјална дозвола. Самата дозвола бара единствено да наведат извор, а изворот е веќе во самото име на авторот на песната. Од таму постои веројатност дека некој што се занимава со изработка на видео материјали може да ја искористи песната во неговото видео и да го наведе изворот на крајот од видеото. Сите посетители што би ги посетиле тие места каде што песната е веќе објавена ќе ја преземат и слушаат, разделат на други пријатели и познаници, а со тоа слушаноста на песната ќе порасне. Поради отвореноста за редистрибуција отворени се вратите песната да се појави на телевизор и радио, на некој настан и можност да се појави на најпознатите веб-страни во Македонија. Мојата песна е толку јака што сите ја сакаат и ја слушаат и за неколку месеци стигнала до 30.000 слушачи. Супер! Што ќе се случи ако следните десетина песни ги објавам под иста лиценца? Колку вкупно луѓе ќе ги слушаат моите песни? Колку време ќе ми треба да најдам спонзор и да спакувам албум што ќе го објавам под истата лиценца?

CC Наведи извор

Наведи извор

Овозможува други да го редистрибуираат, обработуваат, изменуваат, креираат сопствени дела на сметка на вашето дело и комерцијализација на делото се додека го наведуваат изворот-авторот на тоа дело.

CC Наведи извор, без доработка и менување

Овозможува редистрибуција на делото со наведување на изворот-авторот, комерцијализација без менување и без вметнување во свои дела.

CC Наведи извор, без комерцијализација и под исти услови

CC Наведи извор, без комерцијализација и под исти услови

Зачи користење на делото за редистрибуција, измена, доработка во сопствени дела под истата лиценца. Единствена забрана има за комерцијализација на делото.

CC Наведи извор и под исти услови

CC Наведи извор и под исти услови

Подразбира секаква можност за редистрибуција, измени, доработки, комерцијализација, но да се објават новите дела под истата лиценца и да се наведе авторот.

CC Наведи извор и без комерцијализација

CC Наведи извор, без комерцијализација

Подразбира исто така користење на делото во сите можности, но не обврзува објавување под истата лиценца. Исто така треба да се наведе авторот и не смее да се комерцијализира делото.

CC Наведи извор, без комерцијализација и без измени

CC Наведи извор, без комерцијализација и без измени

Ова е најрестриктивната верзија на лиценцата и овозможува само редистрибуција на делото со наведен изворот.

Постои уште една лиценца што е најлиберална и таа се вика Општо добро (Public Domain), што значи вашето дело е слободно да се користи без никакви рестрикции од законите за авторски права и без никакви обврски при користење на делото.

Општо добро

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

Comments are closed.