Чекор напред за Boot to Geko

boot-to-geko-thumb

Со овој потег Mozilla ја ослободува мобилната софтверска платформа достапна за сите способни да создаваат/програмираат некакви софтверски апликации. И освен тоа, оваа фондација со силата на големата заедница, на отворен начин го поврзува Интернет (сурфачко) искуството во директна комбинација на функцијата мобилен телефон.

Адаптацијата на вебот

Oвој проект е надградба на Интернетот и неговата веб-платформа, по неуспешните полуотворени верзии на Google за отворениот код и слободата на ширење интелектуална сопственост, Mozilla ги спои Интернетот и телефонот во еден уред и ни покажа како треба :). Ова подразбира дека вашиот телефон нема да користи оперативен систем базиран на програмскиот јазик Java или некој „C-дериват“, туку на технологијата што ви овозможува да ја проследите оваа веб-страна. Токму така, здравје од наредната 2013 година ако сме живи и здрави ќе дочекаме телефони што ќе бидат управувани од HTML5, CSS3 и JavaScript/jQuery. Значајно за овој чекор е спојувањето на веб-технологијата со мобилната технологија на подлабоко ниво.

boot-to-geko-html

Оптимизираност и обединување

Обединувањето на технологијата подразбира дека вашата софтверска творба може истовремено да се користи (интегрирано) на Интернет како веб страна, на модерен уред наречен паметен телефон како мобилна софтверска апликација и на таблет-компјутер заедно со секој мал-преносник што е способен да користи Android OS. За сето ова ќе користиме една технологија што веќе ја напоменав погоре и ќе ја доживееме вистинската смисла на веб што реагира според уред/екран (a.k.a. Responsive web).

Oптимизацијата се однесува на малата хардверска побарувачка што ја бара HTML за исцртувањето на графички приказ. Намаленото користење на хардверот од телефонот ќе придонесе за долготрајност на батеријата и заштеда на енергија. Со тоа едноставноста доаѓа до израз, а тоа е нагласено од обединувањето на сите платформи опфаќајки ги хардверски и софтверски. Интеграцијата на вебот како оперативен систем на пренослив уред. За препознавањето на хардверските функции ќе се користи API – интерфејс за комуникација помеѓу софтверски компоненти. Во врска со прашањето за потребата на целовремена интернет конекција при користење на телефонот, HTML5 овозможува зачувување на податоците локално на уредот што се користи и потребата за Интернет поврзување останува слободен избор на корисникот.

Првиот дизајн на Boot to Geko – Gaia UX

Најбитниот дел од целата оваа приказна е софтверските интерфејси да изгледаат визуелно разбирливи, меѓусебно да си припаѓаат, брза и интересна транзиција при анимацијата и лесна користливост. Овие карактеристики денеска се познати како UX – корисничко искуство, а кај Mozilla Boot to Geko првата интерфејс фамилија ја именуваа Gaia UX што може да ја проследите на сликичките подолу.

boot-to-geko-gaia-ux-2

boot-to-geko-gaia-ux-1

boot-to-geko-gaia-ux-3

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.