Богата спортска интернет сцена – Macedonia

Goran Pandev

Со голема гордост ќе се пофалам дека Горан Пандев игра во Лигата на Шампионите и во моментов (барем за мене) тој е најголемата Македонска гордост, а ако збориме за споменици би ставил негов, дефинитивно, на плоштадот во Скопје и Струмица. Гоче моментално има голема веројатност да си стави медалче од Лигата на Шампионите во неговата приказна за своите внуци, каде што нашата нација (во комплет) е горда на него. Верувам дека Интер ќе биде Шампион во ЛШ оваа година и ќе видам солзи радосници на лицето на Горан Пандев!

Е сега околу нашата занимација со интернетот и спортот, искрено сум изненаден од начинот на кој сè навива за Интер во моментов, со тоа што постои и овој додаток:

Inter Fans Macedonia

Inter Fans Macedonia

Не случајно сите сме за Интер во моментов како што пред некое време бевме сите за Лацио :).

Нашата национална спортска сцена е реално на дното во секое ниво, жалосно или патетично нема да дробам многу околу тој податок затоа што ги почитувам сите спортисти во секоја дисциплина и голем поздрав до сите нив. А администрација што ја раководи таа платформа, ако само 2% и посвети внимание од тоа што и се случува на интернет сцената вкупно во истава држава… спортот кај нас ако не цвета, барем ќе се тркала!

Сите начини на спортско информирање, забава и здружување се присутни кај нас, за среќа. Изобилува со портали за спортси вести, интернет страни на кладилници како и дигитализирање на некои олдтајмери во печатената приказна за спортот кај нас. Што се однесува на нивната оригиналност, креативност, оптимизирање и одржување на интернет страните што го исполнуваат овој простор, нудат широко поле за дискусија.

На пример, збирка од попознатите интернет портали за информирање:

Sport Denes

Спорт Денес


Sportal

Спортал


Sportsko info

Спортско инфо


Sportski MK

Спортски МК


Penal

Пенал


Sport 24

Спорт 24

Тематски ориентирани:

24 fudbal

24 Фудбал


F1 Almanah

Ф1 Алманах


Fudbal zone

Фудбал зона


Fudbal MK

Фудбал МК

Повеќето користат Joomla CMS што е во ред, но повеќето користат готови изгледи и ги ставиле потпишани луѓето што го направиле тој „template“, едно големо браво за тоа. Многу ме интересира дали ако му понудат наши луѓе готови направени Joomla теми би ги смениле веќе постоечките и исто така би ги потпишале во дното на самата интернет страна? Но треба да имаат и соодветна понуда за да го направат тоа, нели!? Поздрав за таквиот пристап, во секој случај.

Обложувалниците имаат сиромашна понуда на интернет страни и тие што ги имаат само неколку си ја сватиле сериозно работата околу интернет презентирањето:

Korner

Корнер


Deportivo

Депортиво


AS-Sport

АС-Спорт


Sport Life

Спорт Лајф

И во целата каша-попара има и такви што немаат оправдување за ова што не смеат да си го дозволат. Еден голем минус за спортските медиуми што ја развивале македонската спортска информација низ нашава држава толку години. Една „машка“ ревизија на нивните интернет страни со посеризен пристап би ги лансирал за кратко на врвот во читањето спортска содржина. Кога веќе имаш кредибилитет и искуство, доволно е само мала инвестиција (скромна) или компензација доволна за достигнување на врвот во друг медиум.

Macedonian Sport

Македонски Спорт


Skok

Скок


Sportsko Radio

Спортско Радио

Еден голем поздрав за целата Македонска спортска интернет сцена и за луѓето што допринеле таа така убаво да се збогати и прошири што би ги потсетил сите фанови на клубови, навивиачки тимови да излезат со интернет страни (заедници) каде што спортот ќе го разбудат од долгогодишниот сон и ќе внесат малку навивачка енергија што носи поголема банда навивачи на стадионите и почесто победи.

Македонија (Macedonia) навива за Вас!!!

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот: Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе...

Comments are closed.