Биди во тек

Најавна слика

Барај, не барај која интернет страна беше, дај RSS апликација или додаток за да немора да ги посетувам сите интернет страни!? Освен што треба да посетуваш мал милион интернет страници треба и да пратиш каде се случуваат интересните активности на македонската интернет сцена. Едно е значајно, блогерајот кај нас конечно се одлепи од blog.com.mk благодарние на промената што ја направија во blog.mk откако се ребрендираа on.net во групацијата One. Сега новите бранови носат интернет страни каде што повеќето информации може да ги добиеме на едно место.

Сервисите што собираат вести од повеќето познати интернет информирачи, врската што ја имаат социјалните мрежи каде што дебатите и коментарите се локални и помеѓу тие што се поврзани меѓу себе на твитер или фејсбук, поттикнаа идеи за заеднички твитер сервиси и колективни блог објавувачи. Тоа е повеќе од позитивно и значајно од проста причина што јас како корисник на овие интернет страници можам на едно (до две места) да разберам што се случува наоколу. Идејава за текстов што содржи список на такви интернет портали што собираат информации од повеќе интернет страни, за јас (ти) да можам да ги најдам на едно место, потекнува од константното прашање што на секој втор познаник или пријател му раскажувам каде може да ги најде. Освен што голем број на луѓе не знаат за овие сервиси, добро е да се поздрават креаторите на овие проекти затоа што сепак допринеле за доброто на сите. Јас им честитам на инволвираните и одржувајте го темпото на резултатот од добрата работа.

Вести

Вести, вести и само вести насекаде, на телевизија, на радио, интернет, насекаде само вести и претежно политика и политика на кило. Тоа е премногу и во најголем дел напорно. Сигурно дека нема да ги посетувам интернет страните на макфакс, миа или сител да читам што напишале!? Тоа губење време! Замислете секоја интернет страна што објавува вести да треба да ја посетам и да прочитам барем по една статија таму!? Ќе нема да најдам време за работа, а за други работи да не прајме муабет. Затоа си постојат интернет страни што ги собираат сите овие вести на едно место и ми овозможуваат јас да си одберам што ќе читам и ако веќе читам да не губам време да барам што има за читање и каде.

DAILY.MK

daily.mk

Еден од познатите домашни сервиси за собирање вести од повеќе интернет медиуми каде што постои и нагодување на кои теми да ви бидат видливи од категориите. На пример, јас ќе изберам кои категории на вести сакам да ги читам и само тие да ми се појават на насловната. Освен тоа, можам да проверам што се чита во моментов и кои вести се најчитани сега.

MKD-RSS

mkdRSS

Собрач на вести што функционира слично на daily.mk, прикажување на воведот од избраната вест, a доколку сакам да ја прочитам целата статија тогаш го посетувам оригиналниот објавувач на истата преку надворешен линк-извор.

За разлика од претходните два, 24online и time.mk со клик на веста пренасочуваат до оригиналната интернет страна каде што е објавена статијата, но е поткрепено со рамка (брендирана) во горниот дел над интернет страната. Кај time.mk може да ја исклучите, но 24online не ја овозможува таа опција, а поради слични причини и котираат со толкав (мал) број на посети.

24ONLINE.MK

24online

TIME.MK

time.mk

Блогерај

PING.MK

ping.mk

Вредните блогерски „воини“ што сакаат да пишуваат и истовремено тоа што го напишале да го прочитаат повеќе луѓе, ping.mk овозможува објавување на статии од корисници. Освен што може да си го промовирате сопствениот текст каде што пишувате, може од било каде да аплицирате свој линк-патека до некоја вест што ви оставила значаен впечаток. Исто така има е сопствен автоматизиран собирач на статии што го модерираат администраторите на сервисот.

Твитер

140.МК

140mk

Еден од по тазе сервисите што се појавија на интернет сцената кај нас и интересното е што за кратко стана многу популарен. Популарноста се однесува на твитер заедницата во Македонија која што веќе комуницира на големо, но вака со заеднички сервис може целата таа каша да ја надгледуваме малку поструктурирано. Поздрав за проектот и многу ме интересира дали такво нешто може да се состави за фејсбук?

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

Comments are closed.