И носењето кацига може да биде забавно



Сите оние кои возат скутер или друг мотор знаат колку носењето на кацига на летниве горештини може да биде непријатно и загушливо. Посебно ако вашата кацига е во црна боја, која е и најчесто боја кај кацигите. Барем оние од пониската класа и за помали мотори не можат да се пофалат со којзнае каков дизајн. Еднобојни, со неколку линии, залепено лого и толку. Но, не мора да биде така. Погледнете ја следнава галерија на едноставни, а одлично дизајнирани т.е. фотошоп монтирани кациги, креативни идеи со кои сигурно ќе бидете забележани, макар и да возите томос 🙂
Пробајте нешто слично, мој совет тоа да биде на фолија и да се лепи како налепница при што мора да се внимава на формата, или ако сте добри во цртањето графити, пробајте со airbrush.

Повеќе

Креативно сафари #2

Kreativno Safari 2

Колку убаво, организираме и второ креативно сафари. Колку да биде поинтересно во ова ќе имаме и награди :). Учесниците треба да дизајнираат летни маици со логото и интернет адресата на Лист.мк плус нешто што мислат дека би изгледало убавко преку ликовно изразувње.

Повеќе

10 Firefox додатоци за веб дизајнери


Нема потреба за појаснување што е Мозила Фајрфокс и зошто служи, добро познато на сите. Се повеќе расте процентот на интернет корисници кои како свој прв прелистувач ја бираат Огнената Лисица. Една од многуте предности покрај брзината се и дополнителните плагини и екстензии кои може да се инсталираат и значително да го подобрат вашето искуство на сурфање и работа.
За вас направив селекција на додатоците кои јас најчесто ги користам сакам да ги споделам со вас. Сите се компатибилни со 3.6.3 верзијата на Фајрфокс, а ќе може со клик врз сликата да ги инсталирате и на најновата верзија 3.6.4

Повеќе

Инспиративни и необични визит карти


Визит картите одамна не се веќе само парче хартија на која се испишани генералиите и контакт информациите на некоја компанија или поединец.
Со нив го оставате првиот и најважен впечаток при секој нов состанок со потенцијален клиент, бизнис соработник или на вашиот бербер на пример 🙂 Ова е посебно важно ако вашиот бизнис е било како поврзан со дизајн воопшто.

Повеќе

Брзо конвертирајте CMYK во PANTONE


Сигурно до сега во вашата работа како дизајнер многу пати сте се нашле во ситуација да треба да да конвертирате CMYK бои во пантонски бои. Дали заради заштеда или унифицираност на боите или квалитетен офсет принт или други причини, доколку го правите „рачно“ може да ви одземе многу време и на крај да не сте задоволни со резултатот. Илустраторот, во нашиот пример CS4 го има решено тоа на многу лесен и едноставен начин. Еве како:

Повеќе

10 бесплатни, а одлични фонтови


За следниот пост решив да направам селекција на 10 фонтови кои се одлични доколку се занимавате со дизајн, а кои се бесплатни. Иако бесплатни, изгледаат професионално дизајнирани и сигурно во наредните проекти добро ќе ви се најдат некои од нив. Линк за преземање е самата слика. Повеќе

Пиксел анимација

pixel
Инвазија на Њујорк од 8 битни суштества

ПИКСЕЛИ е последниот краток филм на режисерот Патрик Жан, снимен на локации во Њујорк. Директор на фотографија е Матијас Букард во продукција на One More Production.

Повеќе

Страна 5 од 6« Прва...23456