Алтернативно слушање музика со AIMP3

aimp-listmk-thumb

AIMP е софтвер за слушање музика на компјутер, создаден од Artem Izmailov руски програмер што го создал интересниот Artem Izmailov Media/Music Player (AIMP) што фино ме изненади. Овој бесплатен софтвер е наменет за слушање музика на вашиот компјутер со интсталирана Windows платформа како оперативен систем.

aimp3-logo

Не е ништо поразлично од еден Winamp или iTunes. Единствена разлика се нијанси што во многу случаи ме натераа да го ставам Winamp во историја. На Windows оперативен систем секогаш користев Winamp и тоа со обичниот класичен изглед. Користењето на Winamp е бесплатно и едноставно, лесно за симнување од интернет и ептен лесно во искористување на ресурси при репродукција на музика. Од кога знам за компјутер секогаш сум користел Winamp како музичка репродукциска алатка под Windows. Сега кога знаете колку сум бил „закоравен“ корисник на Winamp си дозволив промена!

Први впечатоци

Првиот впечаток од освновната верзија AIMP е минимална зафатнина на ресурси и квалитетна репродукција на звук. Прво што пробав е репродукцијата на иста песна што ја слушав со инсталирана основна верзија од Winamp. Значително подобар звук ми прикажа AIMP, а што се однесува на контролите од интерфејсот само се спуштија на tray и беа ништо поголеми од околку 250px (ширина) со 20px (висина) зафатнина на мониторот. Сето тоа намалено на основните копчиња play/stop/pause/volume/slide и името на песната со времетраење. Додека е на tray немора да го кликате икончето, туку само застанувате на него со стрелката и веднаш се појавува во минијатурна форма.

Слушањето на музика денес се сведува или во play-list или media library што и во двата случаи во позадина си вртат песните по избраниот редослед. Едниствениот чекор напред е ефективно искористување на ресурси за активноста за што е наменет софтверот, што во случајов е само слушање музика. Затоа ваквото решение е квалитетно!

Уште еден интересен момент е можноста да располагате со повеќе листи од еднаш користејќи јазичиња (или плочки/tabs). Контролата врз таквата повеќеслојна листа на песни во посебни јазичиња ја контролирате на сличен начин како сурфањето со еден Firefox или друг интернет прелистувач. Влечење и спуштање од едно место на друго, исклучување на јазичињата со средно копче, прмена на името и ред други работи. Додека е во тек активната листа на песни, вие може да работите со содржината на другата. Да додадам дека е полесен во мегабајти за преземање од Winamp.

Siveria skin

Детално

AIMP е софтвер програмиран во Delphi, изработен во Russia. Користи BASS аудио библиотека со подршка на најразлични формати-записи на звук. Освен за репродукција соджи и Tag уредувач, аудио конвертор, Audio CD преземач и снимач на звук од микрофон. Јас го користев на македонски јазик и би ги пофалил тие што придонеле за преводот. Моќен equalizer и одличен процесор на звук! Интересен додаток е автоматско гасење на компјутерот после избрана песна или на крај од активната листа на песни. Специјални ефекти Chorus, Echo, Flanger и Reverb. 32-bit аудио процесирање за најдобар квалитет. Препознатлив интерфејс многу сличен на Winamp со можност за снимање на листите со песни како текст документ или HTML датотека. Подржува M3U листа како и предефинирани интернет радио формати. Доколку сакате потемелно да владеете со софтверот или да станете „гуру“, официјалната интернет страна е добро набилдана со информации за користење, изглед на маската, додатоци, форум за подршка и блог.

Преземи

Не сакам да наметнам некаква агенда против Winamp, туку секогаш е добредојдена алтернатива. Додатна опција е добро да се користи. Затоа и сакам да го споделам овој софтвер со вас како алтернатива за слушање на музика што би требало да ја знаете. Јас го користам AIMP уште од верзијата AIMP2 и еве веќе направивме 4 години заедно кога сме на „романтичниот“ Windows.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

4 Коментари

  1. Јас ти препорачувам да ги пробаш и foobar2000 [http://www.foobar2000.org] и Clementine [http://www.clementine-player.org], ако веќе ги немаш пробано.

    Поздрав!

  2. Да да, foobar ми беше во транзицијата помеѓу Winamp и AIMP :), а Clementine не сум го пробал ама ќе го чепнам баш да видам што ќе ми пружа.

    Благодарност

  3. Isto kako tebe i jas od winamp preminav na aimp2/3. Mnogu sum zadovolen.

  4. И јас сум голем фан на AIMP3. да не кажам ми се останува на win само за него и уште ме чуди зошто нема верзија за linux!