2009 – Година на ребрендирање и нови играчи

Годинава иако беше економски тешка или така сакаа само да зборат сите економисти, наскоро сигурно нема да дознаеме, но едно е јасно, ептен беше турбулентна во однос на ребрендирање и освежување на пазарот во скоро сите категории. Досега тешко е да се каже кој успешно се ребрендирал или се приклучил во поглемо друштво, но добро е да се види проветрување од време на време. Нашата мала Македонија или е во транзиција или излегува од неа, ама никако да се спаси. Полека, но сигурно доаѓаат некои странски инвеститори што ни зимаат дел од нашата паричка, што си ја стискаме со запотено раче во нашите џебчиња. Интересно е да се види колку креативно се покажале креативците во целата таа каша или мешаница помеѓу суетите од една страна и желбите на клиентот од друга. Земени се најсветлите моменти од 2009 година, што сега на крајот ни останува да се фаќаме за статистиката.

Најмногу и најтазе оваа година не раздрма појавувањето на брендот One што ги спои во едно добро познатите On.net, Cosmofon и Germanos. One е резултат на Телеком Словенија Груп што ги купи сите претходно наведени компании.

По нив следува ребрендирањето на серија осигурителни компании со австриски капитал. Фирмите Сигал и Сигма станаа Уника и Винер.

Тука би додал дека VIENNA INSURANCE GROUP први влетаа во Македонија што отвори пат за нивните најголеми конкуренти во Австрија Uniqa Group Austria.

Во медиумскиот простор некаде во самиот крај на 2008 година, односно почетокот на 2009 телевизијата Алфа го смени сопственикот од Грција и премина во рацете на Штеријо Наков т.е. Фершпед каде што видно се промени и нејзиниот концепт и лого.

И за крај би завршил со Битолска Млекара каде што јасно се виде промената на логото, а се промени и визуелниот изглед на амбалажите.

Земајќи во предвид за „големината“ на нашата држичка сепак имаше доста промени во трговскиот сектор и услужните дејности. Би додал дека сепак новите логоа изгледаат солидно и професионално, а како иновативни би ги издвоил One и Алфа ТВ дека тие се сосема нови и оригинално домашни.

Како бонус, да се потсетиме на најуспешните:

Преминот на Тутунска банка во NLB, односно словенски капитал.

Магнатот од Германија што го промени црвеното во розево, Мобимак во T-Mobile.

gravatar
Автор: Капсаров Благој
За авторот:

Од сите сплетки и досетки се обидувам да инспирирам доволен број на луѓе што сакаат да го користат мозокот за креативен и позитивен развој. Мотото го позајмив од Рене Декарт: Cogito ergo sum! повеќе…

Comments are closed.