12 трендови во дизајнирањето на логоа

12 трендови во дизајнирањето на логоа

Секоја година си носи свои свежи и препознатливи трендови во сите области, така и кај дизајнирањето на логоа. Иако кај логоата важи она дека треба да бидат безвременски и секогаш препознатливи, дизајнерот секогаш мора да биде до тек без разлика дали ги применува новите трендови или ги користи само како инспирација.

Денес со растот на фирми и компании, расте и глобалната конкуренција, сите бараат начин како нивната компанија, производ или услуга да се издвои од големиот број на конкуренти. Свеж, креативен и атркативен дизајн на бренд може и те како да влијае на зголемувањето на профитот на една компанија.

Од почетокот на оваа година неколку стила и трендови јасно се издвојуваат над сите и иако сеуште рано се на добар пат да ја одбележат и цела 2010та.

1. Бранови

Лого во облик на бран денес се почесто се користат. Се карактеризираат со флексибилност и подвижност. Кога се гледаат имате чувство како да се движат, понекогаш и спрема вас, со што ја има блискоста до секој клиент. Чисти, јасни и на прв поглед лесно се паметат.

12 трендови во дизајнирањето на логоа

2. Веб 2.0
Веб 2.0 е синоним за модерно веб лого. Обично во светли бои, со најразлични ефекти, 3д, сенки, градиенти, рефлексии и сл. Најчесто со заоблени фонтови, пријатни за читање. Единствен минус е што овие се како кажува самото име пред се наменети за веб и не секогаш со сите тие ефекти излегуваат добро и на печат.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

3. 3Д
Еден од начините да вашето лого да обрне внимание е секако 3Д ефектот. Се користи активно последнава деценија, а и оваа година високо котира на листата пред се поради фактот што се движиме во тој популарен 3Д свет, имаме 3Д монитори, 3Д филмови и којзнае што утре.
Со самото тоа што изгледаат како да излегуваат од сликата, графиката е жива и оригинална. А денес со новите техники на принтање може подеднакво атрактивно да изгледаат на лист хартија како и на монитор. Друга значајна предност е што имаат добра основа за секаква 3Д анимација.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

4. Минимализам
Уметноста на минимализмот која се појавила прв пат на почетокот на шеесетите години на минатиот век, оваа година уште посилно се враќа на сцена. Со минимум графички и визуелни елементи до едноставно лого, но со силна порака.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

5. Спектар
Овој вид на логоа порано често избегнуван поради неможноста за добар принт денес со новите технологии повторно е популарен.
Со ефектите на транспарентност создаваат јасна слика. Преминот од една во друга боја и понекогаш нивно мешање создава пријатна слика за човечкото око а со тоа и нивно лесно памтење.
Обично се на црна или темна позадина за да спектарот излезе на виделина.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

6. Научна фантастика
Сигурно не треба да се потенцира да при дизајн на лого, едно од клучните елементи е фонтот. Без добар фонт и порката останува не пренесена.
Оваа група на логоа која користи Science Fiction фонтови е најново креирана. Sci-Fi фонтовите се карактеризираат со остри или скоро прави линии, обично изгледаат сплескани во споредба со стандарден фонт и сами за себе се доволни и без графички елемент за лого, или со некој потенциран детаљ изваден од самиот фонт. Најдобар пример е новото лого на Compaq која се ребрендираше во 2007ма и избра баш ваков фонт за лого, а потенцирана е последната буква Q.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

7. Грб / амблем
Овој логоа едноставно не излегуваат од мода иако според многумина се со премногу елементи и сложени комбинации за да бидат логоа. Денес освен тој средновековен антички симбол често се комбинира со урбани елементи. Минус, ако така може да се каже е што не се применливи кај сите индустрии, туку најчесто ги има кај музички групи, екстремни спортови и сл.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

8. That 80′s logos
Тренд кој донесе најмногу контроверзии и полемики. За едни ова се едноставно лоши грозни логоа, додека за други се футуристички. Немаат правилни форми туку чудни геометрии и перспективи, немаат топли бои туку неонски јаки бои, графика која често не е во никаков сооднос. Единствено различноста прави лесно да останат во меморија.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

9. Концепт
Стил кој ја одбележува скоро секоја година. Скриена порака во самото лого е доволна уметност. После скриената стрелка во логото на FedEx се повеќе дизајнери како појдовна точка го земаат токму уникатниот концепт.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

10. Потпис
Потпис или ракописно лого се почесто се користи. Рачнното исцртување од старт ја има блискоста до потенцијалните клиенти. Лесните и светли бои се секогаш нежни и впечатливи за човечккото око.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

11. Градиент
Според мене од почетокот на годинава, најзастапен стил, и ако вака продолжи дефинитивно ќе ја одбележи и годината во целост. Овие логоа со помош на правилно користење на градиентите ја истакнуваат својата длабочина и ја имаат онаа полу оптичка варка за окото. Линијата секогаш има убаво движење за око.
12 трендови во дизајнирањето на логоа

12. Секвенцијални
Секвенцијални или логоа во низа се понов тренд. Движењето во неколку чекори најчесто во нагорна линија го прикажува прогесот на одредената компанија и решеноста за брз раст на истата. Посебно се очекува да станат популарни откако сега светот излезе од економската криза.

12 трендови во дизајнирањето на логоа

gravatar
Автор: Јанев
За авторот: фриленсер веб/графички дизајнер | зависник од социјални мрежи | парт-тајм блогер| геџетс фрик | демнач на музички концерти|

1 коментар

  1. [...] клиенти започнувале нов бизнис и барале од мене да креирам лого и препознатливост на фирмата, но всушност ни самите [...]

    Одговори на овој коментар

Напиши коментар

Известувај ме преку емаил за новите коментари. Можеш да се претплатиш и без да оставиш коментар.