10 Firefox додатоци за веб дизајнери


Нема потреба за појаснување што е Мозила Фајрфокс и зошто служи, добро познато на сите. Се повеќе расте процентот на интернет корисници кои како свој прв прелистувач ја бираат Огнената Лисица. Една од многуте предности покрај брзината се и дополнителните плагини и екстензии кои може да се инсталираат и значително да го подобрат вашето искуство на сурфање и работа.
За вас направив селекција на додатоците кои јас најчесто ги користам сакам да ги споделам со вас. Сите се компатибилни со 3.6.3 верзијата на Фајрфокс, а ќе може со клик врз сликата да ги инсталирате и на најновата верзија 3.6.4

FasterFox

Иако Фајрфокс сам по себе е еден од најбзите прелистувачи, дополнителни модификации за да биде уште побрз нема да се на одмет. Може да менувате многу параметри во мрежата, рендерирање, симултани конекции, DNS кешот…и многу други. Одличен плагин за почетници меѓутоа и за професионалци.

FireBug

Специјално наменет за веб дизајнери и девелопери. Сега кодот во позадина на веб страниците ви е достапен на еден клик, може да менувате, дебагирате, HTML, CSS и JavaScript.

Web Developer

Како што кажува и самото име, наменет за веб девелопери. Сличен како FireBug меѓутоа со многу повеќе опции сместени во еден тулбар.

FireFTP

FTP сместен во самиот прелисувач. Сега немате потреба од дополнителен FTP софтвер. Безбеден и лесен за користење, со стандардни опции како кај скоро секој друг сличен програм.

ScreenGrab

Одличен додаток за правење принт скрин на некоја веб страна како слика. И не само тоа, може да снимите цел екран, само веб страницата, само селекција…како фајл или во клипбордот. Како предност е што може да слика и доколку на страницата има јава или флеш ембедирано.

ColorZilla

Додаток посебно корисен за веб дизајнери. Само со еден клик со пипетата ја добивате посакуваната боја, RGB вредностите процентуално, или готов код за да го вметнете во било кој програм за веб дизајн.

IE Tab

Додека дизајнирате некоја веб страница сигурно многу често ја проверувате во различни прелистувачи. Сега во Фајрфоксот ќе имате посебно копче со чија помош ќе видите како би изгледала истата страница во Интернет Експлорер.

Font Finder

Како што кажува и самото име. Сте забележале добар фонт на некоја веб страница, само го селектирате, десен клик и со анализа на фонтот го добивате целиот распоред на фонт фамилијата. Плус, боја, позадина, проред, декорација…и сите други параметри кои самиот фонт може да ги има.

MeasureIt

Додаток кој многу често го користам. За да ги видите димензиите на било кој елемент на веб страница, реклами, наслови, банери, слики, галерии и сл…само селектирате околу него веднаш горе десно ги имате димензиите. Многу корисен додаток и наместо тоа да го правите со принт скрин сега е многу многу побрзо.

Palette Grabber

Доколку комбинацијата од некоја веб страница ви се допаѓа и би сакале да ја имате како палета, тоа го прави овој додаток. Креира палети од бои за Фотошоп, ГИМП, Фајрворкс…или OS X базирани програми.

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

1 коментар

  1. Има уште еден, за мене многу корисен додаток: Web Developer (https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/60/ ).

    Има многу корисни функции, а особено корисна е онаа за resize на прозорецот на Firefox за тестирање на различни резолуции, потоа оневозможување на кешот, листа на слики на страницата (кои ги има, а кои не се најдени) и уште многу други.