10 бесплатни, а одлични фонтови


За следниот пост решив да направам селекција на 10 фонтови кои се одлични доколку се занимавате со дизајн, а кои се бесплатни. Иако бесплатни, изгледаат професионално дизајнирани и сигурно во наредните проекти добро ќе ви се најдат некои од нив. Линк за преземање е самата слика.


ACID
Доаѓа во пакување од 6 нијанси acid, acid bold, acid bold italic, acid italic, acid medium, acid medium italic. Одличен за чист и минималистички дизајн со прави и остри линии кои изгледаат како намерно пресечени на моменти. Одлична замена за системските фонтови како Arial, Tahoma, Verdana и ним сличните.


ADVENT
Одличен фонт кој доаѓа заедно со 14 членови од истата фамилија. На дел од симболите може ќе забележите мали неправилности, главно поради неправилните остри форми. Посебни уникатни се малите букви на фонтот.

CICLE
Фонт за кој многумина се согласиле дека би платиле. Доаѓа со 7 подвида, од кој едниот е во 3Д варијанта. Како што кажува и самото име, во главно е дизајниран со кружни, полукружни и брановидни форми…одлична линија на движење која покажува софистицираност и ексклузивност.

DANGER
Специфичен фонт за специфични намени. Доколку имате дизајн концепт во кој користите графити, шаблони, пароли и слично ова е избор број еден. Најмногу и поради фактот што има македонска поддршка.

DELICIOUS
Од целава селекција на бесплатни фонтови мој омилен. Изгледа најпрофесионално направен, со мали заоблувања на некои карактери кој му даваат посебна мека и пријатна форма. Доаѓа со дури 6 подвида. Одличен за написи, логоа, слогани и сл.

FERRUM
Серифен фонт кој е единствен олд скул во листава. Иако го има ретро стилот во себе сепак заради заоблени завршетоци ја има и модерна црта во себе. Наслови и поднаслови во весници и списанија би биле негова територија.

KRUPPFER
Или познат како Star Wars фонт. Фонт кој во себе има брзина и изгледа како постојано во движење. Накосен под одличен агол и самите завршетоци во обратна насока (горните на десно, а долните на лево) прави како да лизга по површина.

NAUTIK
Помалку необичен и уникатен серифен фонт. Со остри завршетоци и прави агли на краевите. Погоден за флаери, псоебно болдираниот.

WC ROUGH
Уште еден специфичен фонт. Сите карактери се исцртани како со слободна рака со неколку потези и неправилни завршетоци. Одличен фонт за билборди и потенцирани наслови.

RALEWAY
Најдоброто за крај 🙂 Екстра тенок и неверојатно прецизен фонт. Одлично дизајниран, посебно ако сакате добра замена за веќе насекаде користениот Хелветика. Може да се користи за повеќе намени, од логоа, постери до веб.

gravatar
Автор: list
За авторот: Место каде што се собираме и споделуваме информации од дигитална природа со креативен карактер.

Comments are closed.